Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиКако да ги спасите цвеќињата од лисни вошки?

    Како да ги спасите цвеќињата од лисни вошки?

    petel baner

    Лисни вошки се мали паразитски еднаквокрилни инсекти. Се среќаваат по листовите на разни видови растенија, цвеќиња, четинарски и листопадни дрвја.

    Лисните вошки имаат голема репродуктивна способност. Во Македонија се среќаваат лисни вошки на различни видови домаќини, како ружина лисна вошка, праскина лисна вошка, јаболкова вошка и лозина вошка.

    Лисните вошки се можеби едни од најздодевните и најомразени штетници во градината. Тие може брзо да им наштетат на цвеќињата и понекогаш изгледа едноставно невозможно да се стави овој проблем под контрола.

    Otkup na kompiri

    Сепак, можете брзо и лесно да ставите крај на овој чест проблем, благодарение на следните 3 испробани домашни начини:

    Со вотка

    Лисните вошки лесно може да бидат отстранети со помош на вотка. Едноставно исипете го овој алкохол во шише-спреј и напрскајте го засегнатото растение. Покрај вотка, на ист начин може да употребите и Кока-Кола за овој проблем.

    Со пепел

    agrounik

    Вошките исто така може да бидат избркани со пепел. Растворете 200-300 гр пепеле во 5 литри врела вода, добро измешајте ги состојките и оставете го растворот да се излади. Потоа прецедете го и додадете 20 гр добро изгмечен сапун и напрскајте ги засегнатите делови од растението.

    Со кора од портокал

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ослободете се од здодевните лисни вошки и со ароматичната кора од портокал. Полејте 1 килограм кори со 10 литри топла вода и оставете ја смесата да отстои 3 дена, а потоа прецедете и напрскајте го растението.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img