Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеСируп од млади зелени оревчиња и мед 

    Сируп од млади зелени оревчиња и мед 

    petel baner

    Овој период е идеално време да се соберат зелени млади оревчиња од кои се подготвуваат разни лековити препарати.

    Зелените млади оревчиња се редок природен резервоар на витамин Ц и фенолни состојки. Тие се богати со минерали, како јод, калиум, магнезиум, фосфор, калциум, железо, цинк, хлор, сулфур, манган и бакар.

    Покрај тоа што се богати со витамин Ц, тие изобилуваат и со други витамини (Е, Б1, Б6, Б9) и омега-3 масни киселини. Па затоа препаратите направени од зелени ореви се даваат на неухранети и анемични деца. На Балканот и ден-денес се одржува овој убав обичај да се подготвуваат младите зелени ореви во мед како сируп. Во алкохол како тинктура, во ракија и шеќер (или мед) како лековит ликер итн.

    Otkup na kompiri

    Лековитите препарати од зелени ореви се користат да се подобри ефикасноста на тироидната жлезда, да се исчисти крвта од отрови и паразити од телото. Да се олеснат желудочните тегоби и секако да помогнат при спречувањето на парадентоза.

    Според нас, најздравата варијанта за подготовка на млади зелени ореви е комбинацијата на мед со истите, без никаква термичка обработка.

    agrounik
    Подготовка на лекот:

    Најпрво наберете оревчиња со должина од околку 1-1,5 см. Најубаво би било да ги наберете од дрво кое расте во еколошки чиста средина, каде што воздухот, водата и почвата не се загадени.
    Ставете ги во тегла и прелијте ги со медот.
    Затворете ја убаво теглата и оставете ја на светло место, но не ја изложувајте директно на сонце.
    На секои десетина дена, отворете го капакот за да излезе воздухот кој е производ на ферментацијата која се одвива во теглата и промешајте го сирупот.
    После 40-тина дена, процедете ја течноста и отстранете ги малите оревчиња, кои веќе се црни и суви.

    Најдобро е оревчињата да бидат со големина 10 – 15мм, бидејќи сирупот направен од поголеми ореви е со неподносливо горчлив вкус.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Се препорачува да се зема по 1 лажичка дневно, за да ги обезбедите дневните потреби за јод во вашиот организам.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img