Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

18.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

More
    домаАгро советиДури и замрзнатата храна има рок на траење

    Дури и замрзнатата храна има рок на траење

    petel baner

    Замрзнатата храна има рок на траење, а доколку се чува правилно може да биде совршено вкусна од еден месец до најмногу една година, велат експертите.

    agrounik

    Првите показатели дека треба да се фрли се лошиот изглед и бојата. Во случај на црвено месо, тоа треба да се направи доколку ја изгубило црвената боја и станало сиво или кафено, пишува порталот „Пословни“.

    Зеленчукот кој е предолго во замрзнувач ќе биде блед, додека пилешкото месо, на пример, обично не ја менува бојата ако е предолго замрзнато и може да побелее само во некои случаи. Јасен знак дека ова месо треба да се фрли е изгледот на коските, кои стануваат екстремно темни ако е предолго замрзнато.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Овошјето ќе потемни или ќе стане кафеаво ако е предолго во замрзнувач, а може да изгледа и збрчкано поради дехидрација.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img