Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро ЗабаваСовети како да се заштитите од оси

    Совети како да се заштитите од оси

    petel baner

    Сите оси во текот на зимските месеци се во хибернација, се будат во април, а во јули, август и септември се најактивни.

    Тоа значи дека опасноста за убод од оси најголема во текот на топлите летни денови, а еве неколку совети како да се заштитите:

    Зошто осите боцкаат?

    Тие го прават тоа кога се чувствуваат загрозени. Тоа е нивниот начин да се одбранат од можен напад. Слично како и пчелите, само женките-оси можат да убодат,. Но за разлика од пчелите – овие се способни да ја нападнат жртвата неколкупати. Стручњаците велат дека осите нема да убодат некого ако тој е во мирна состојба. А поголема е можноста да биде нападнат, ако осата почувствува дека е закана за нивното гнездо или се обиде да ја избркате.

    Убодите се полни со отрови, што може да го влоши здравјето кај човекот, а некои доживуваат и алергиски реакции опасни по живот.

    Што да се прави при убод од оса?

    Доколку се случи убод, важно е што поскоро да ја отстраните осилката со отровот. Тоа може да се изгребе од кожата со работ на кредитна картичка, на пр., но и со ноктите. Сепак, не се препорачува да ги користите прстите или пинцети бидејќи тоа може да предизвика ширење на отровот.

    Откако ќе ја отстраните осилката, прво треба тоа местото на убодот да се измие со сапун и вода. Потоа се става мраз или ладна облога и тоа се држи најмногу 10 минути, за да се намали отокот.

    Избегнувајте гребење на раната за да го намалите ризикот од инфекција.

    Не користете домашни лекови како што се оцет или сода бикарбона, бидејќи веројатно, нема да помогнат.

    Некои луѓе се алергични на убоди од оса, што може да доведе до анафилактичен шок, за којшто треба итен медицински преглед и третман. Симптомите на анафилакса се: Тежок оток, чешање, вртоглавица, гадење и повраќање, грчеви во стомакот, ненадеен пад на крвниот притисок.

    Како да избегнете убод од оса?

    Иако не може целосно да се избегне опасноста од убод од оса, може значително да се намали, само ако сите се придржуваат до следниве правила:

    Избегнувајте парфем или колонска вода, коишто може да привлечат оси.

    Agrobot

    Избегнувајте облека со светли бои.

    Останете смирени ако оса се приближи или слета на кожата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Не допирајте го осилото и не се приближувајте премногу до тоа гнездо.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img