Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

10.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

More
    домаАгро ВестиДосега нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди

    Досега нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди

    petel baner

    Досега нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди ова е став на АХВ.

    Агенцијата за храна и ветеринарство го цемантира Цветан Трипуновски и изјавува дека во Македонија нема небезбедна храна.

    Otkup na kompiri

    Во продолжение го објавуваме нивниот пост

    Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), најостро ги демантира изнесените ставови на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ, на која обвинува дека надлежните државни органи дозволиле увоз на небезбеден зеленчук со концентрации на пестициди над максимално дозволените концентрации. Документите кои ги презентираше Трипуновски не се тајна, напротив, тие се само уште една потврда дека државата си ја врши работата, односно дека контролите се спроведуваат. 

    Како и досега, се додека со лабораториски наод не се потврди безбедноста, пратките со храна, вклучително и со зеленчук, се ставаат под официјален надзор. Истите не смее и не се пуштаат во промет пред да се добие задоволителен резултат за нив. Во случај на добивање на незадоволителен резултат пратката се поништува, или се наредува враќање на истата во земјата на потекло.

    Пратките на домати кои се увезуваат од Албанија се под засилен надзор и за секоја се врши лабораториско испитување. 

    За како што вели Трипуновски сомнителните пратки со зеленчук со пестициди, впрочем и самиот тој изразува само сомнеж, но не и тврдење, велејќи дека зеленчукот можел да заврши на пазарите во земјава. Го повикуваме, доколку вистински располага со докази за сторен криминал за кој повикува на одговорност и бара оставки, да ги приложи до надлежните институции, а не преку прес конференции да ја заплашува јавноста дека државата ги труе граѓаните со небезбедна храна.

    Во однос на резултатот од лабораториско тестирање спроведено на   Факултетот за ветеринарна медицина на, како што се вели во објава на социјалните мрежи, мостра од домат по потекло од Република Албанија, кај која е утврдено зголемено присуство на пестициди, за АХВ се работи за мостри на домати кои не се официјално земени од надлежните инспекциски органи, туку од физичко лице и доставени во Факултетот.  За нив нема никаков доказ за потеклото на доматите и од каде се земени мострите и затоа резултатот од страна на АХВ се смета за сомнеж. 

    Врз основа на ова Агенцијата преку инспекторите веќе спроведува дополнителни, засилени контроли на местата каде што се продаваат домати од оператори кои извршиле увоз од Република Албанија, со цел утврдување на потеклото на доматите, односно дали  станува збор за производ од увозно или од домашно производство и дали доколку се увезени ја имаат потребната документација која опфаќа и извршени лабораториски анализи.

    Од почетокот на годинава досега, земени и лабораториски тестирани се 63 мостри од зеленчук (домати,краставици, пиперки), од кои 26 мостри само од домати. Позитивни на пестициди се само две пратки и тоа една со краставици од Албанија ( нештетно се уништени) и една пратка со пиперки по потекло од Албанија, која се уште се наоѓа по официјален надзор. 

    agrounik

    Минатата година земени вкупно 133 мостри од увозен зеленчук (краставици, пиперки, домати и други производи). Потврдени се лабораториски четири позитивни резултати на пестициди и тоа два резултати од домати увоз од Албанија, еден  позитивен резултат од јаболка и еден резултат позитивен на пестициди во пратка со компир, увоз од Белгија. 

    Небезбедните пратки се нештетно  уништени, а за оние по потекло од Република Албанија известени се и надлежните државни органи во земјата извозник за преземање на активности во однос на подобрување безбедноста на производите кои се извезуваат. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Агенција за храна и ветеринарство

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img