Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро советиОткриен мирис кој ги штити житните зрна од глодари

    Откриен мирис кој ги штити житните зрна од глодари

    petel baner

    Секоја година разноразни глодари уништуваат големи количини жито. Како може еден мирис да ја намали штетата до 74 проценти?

    Секоја година разни глодари уништуваат околу 70 милиони тони жито. Со цел да се намали штетата и да се избегне прекумерна употреба на отрои, истражувачите од Универзитетот во Сиднеј дошле до идеја да користат мирис кој ќе ги измами глувците. Нивната работа беше објавена во списанието Nature Sustainability.

    Otkup na kompiri

    Во 2021 година, инвазијата на глувци предизвика штета од милијарда долари само на австралиските фармери. Наоѓањето алтернативни методи за сузбивање стана императив.

    agrounik

    Збунети глувци

    За време на работата, истражувачите ја третирале површината на земјата со масло од пченични никулци пред или по сеидбата. Глувците биле измамени, бидејќи сè мирисаше на пченица. Не можеле да најдат храна толку лесно како во случајот со обичната сеидба. Штетата била намалена на 63 отсто. Во случај само земјоделското земјиште да се третира со разредено масло од пченични никулци, штетата ќе биде намалена за 74 проценти.

    Не е токсичен

    Методот се покажа како ефикасен во случаи кога сееме семе во земја и чекаме да никнат младите растенија. Во овој период, глувците можат значително да го истенчат склопот, но сега штетата може да се спречи. Маслото од пченични никулци е релативно евтин нуспроизвод на мелничарската индустрија и може да се користи за заштита на посевите. Предноста е што е нетоксичен. На истражувачите им останува да продолжат со експериментите за да утврдат во кој минимален однос на разредување е ефективно маслото.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    На видеото се гледа како глувците копаат во почвата, но поради мирисот на маслото од пченични никулци не можеле да откријат каде е положено зрното, па работата била залудна. Поради неефикасната потрага по зрна, глувците ги напуштиле третираните места и тргнале во потрага по друга храна.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img