Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиЗК Пелагонија: Најавената цена на житото ќе доведе до колапс на домашното...

    ЗК Пелагонија: Најавената цена на житото ќе доведе до колапс на домашното производство

    petel baner

    ЗК Пелагонија реагира дека најавата од млинарите за откуп на пченицата за 9, 10 и 11 денари за килограм ќе доведе до колапс на производителите на жито.

    -Во услови кога сточното брашно има цена од 12 денари за килограм, несватлива и нереална е најавата од млиновите во Македонија. Дека пченицата од годинешната реколта ќе ја откупуваат по цена од 9, 10 и 11 денари. Ваквата цена е нереално ниска. И ќе доведе до колапс на домашниот сектор за производство на жито, се вели во реакцијата на ЗК Пелагонија.

    Ваквата откупна цена, според нив, ќе доведе до загуба на производителите на пченица. А загубата кај примарното производство значи загуба и во следната година. Земјоделецот нема да има средства за набавка на потребните репроматеријали за финансирање на следна реколта. Што значително ќе се одрази и на квантитетот и квалитетот на идното производство.

    Otkup na kompiri

    -Ние ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД Битола како најголем производител на пченица кој со години наназад целокупното производство го предава на Македонските млинови. Поддржувајќи го македонското производство на брашно, а со кои имаме долгогодишна успешна соработка. Сакаме да презентираме неколку факти поврзани со производството на брашно во Македонија, велат од Комбинaтот.

    Имено, ако се знае дека при преработка на 1000 тони пченица, се добиваат 300 тони сточно брачно. 330 тони брашно ТИП 500 и 370 тони брашно ТИП 400. И ако на тоа се додадат трошоци за преработка на пченица и тоа за електрична енергија, амбалажа, работна рака. Како и остварување на добивка, пресметките покажуваат дека откупната цена пченицата треба да изнесува 14,42 ден./кг.

    Споредба со цените на пченица на светскиот пазар

    Споредбено со цените на светскиот пазар и во соседството, откупната цена на пченицата на светската берза МАТИФ изнесува 232,75 евра за тон. А во Србија изнесува 195 евра за тон, плус од 35 до 40 евра за превоз. Односно цената со испорака во Македонија чини најмалку 230 евра за тон, односно 14,20 ден./кг. Што значи дека и набавката на пченица од Србија во моментов изнесува многу повеќе од бараните цени на млиновите во Македонија.

    agrounik

    Со оглед на сето претходно наведено, сакаме да укажеме дека здружувањето на млинарите со цврст став да ја откупуваат пченицата по ниски цени. Нема никаква реална основа земајќи ги во предвид сите пазарни услови. И воопшто нема никаков фер однос кон производителите на пченица“, велат од ЗК Пелагонија.

    Доколку се дозволат бараните нереално прениски цени од млинарите, според нив, тоа ќе доведе до загуба на производителите. И прашање е само колку истата ќе изнесува. Односно дали доколку се обезбеди одредена финансиска помош од страна на државата, ќе се успее да се дојде до позитивна нула.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    -Инсистираме да се има предвид и да се води посебно сметка дека пченицата е стратешки производ за Македонија. А неоснованото задирање и нарушување на пазарот на пченица повлекува негативни последици. Последици врз целокупното стопанство и економските текови на државата, се додава во реакцијата на ЗК Пелагонија.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img