Најголем светски производител на вино е Италија со произведени 49,8 милиони хектолитри вино…
Македонија се наоѓа на 22-то место од вкупно 53 рангирани земји во светот според производството на вино за 2022 година, според податоците на Меѓународната организација за вино.
Минатата година во земјава се произведени 936 хектолитри вино или 0,36 проценти од вкупното светско производство.
Три европски земји произведуваат половина од вкупното производство на вино во светот. Според податоците на Меѓународната организација за вино, лани биле произведени вкупно 258,2 милиони хектолитри вино.
Најголем светски производител беше Италија со 49,8 милиони хектолитри вино, што е доволно да се наполнат 1.994 олимписки базени со овој благороден пијалок. Италија произвела 19,3 отсто од вкупната количина на вино во светот.
Зад Италијанците беше уште една европска и делумно медитеранска земја, Франција, со 45,6 милиони хектолитри. Тоа е 17,65 отсто од вкупното светско производство.
На трето место се Шпанците со 35,7 милиони хектолитри или 13,82 отсто од светското производство. Овие три европски земји направија повеќе од половина од виното произведено минатата година во светот.
Од четврто до осмо место се земјите надвор од Европа, со значително помало производство на вино од првите три. САД се четврти со 22,3 милиони хектолитри, Австралија и Чиле произвеле 12,7 и 12,4 милиони хектолитри, соодветно. Потоа Агентина 11,45 милиони и Јужна Африка со 10,1 милиони хектолитри вино.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook, Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK