Костен – Зошто костените се разликуваат од сите други јаткасти плодови и како е најдобро да ги припремите пред да ги јадете?
Можеби костенот е занемарена храна, но експертите истакнуваат дека тоа е голема грешка. Полн е со корисни витамини и минерали, хранливи влакна. Содржи малку калории, обезбедува стабилен извор на енергија за телото. Има витамин Ц кој е добар за крвните садови, ‘рскавицата, мускулите и колагенот во телото. Дали е подобро да се јаде печен или варен костен?
„Покрај овие микроелементи, тој е богат и со калиум, кој е исклучително важен за луѓето кои страдаат од висок крвен притисок. Затоа костенот е одлична храна и нутритивна препорака за сите луѓе кои боледуваат од хипертензија“. Костенот е богат со сложени јаглехидрати кои лесно се варат.
Кај нас најмногу се поврзува со задоволства и слатки, со познатото пире од костен. Сепак, тоа е храна која, особено во планинските предели на Алпите или во Италија, се користи за мешање леб од брашно од костен. Се прави и паста од брашно од костен. Одличен е и во чорби и со дивеч.
Подобро е да се јаде варен отколку печен костен
Посебно кога е сварен и изладен делува многу поволно. Содржи големи количини на калиум и многу малку натриум. Кај луѓето со срцеви проблеми, многу често вишокот на натриум може да биде причина за проблемите, а проблематичен е и недостатокот на калиум. Значи , костенот е вистинската храна за луѓето кои имаат проблеми со срцето, висок крвен притисок, но и за сите останати, бидејќи лесно се вари, ни дава чувство на ситост и содржи многу корисни и здрави материи“.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook, Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK