Гинисовата книга на рекорди објави дека е создадена нова најлута пиперка на светот.
Каролина Рејпер ја носеше титулата на најлута пиперка цела деценија, но сега има нов рекордер – пиперката X (Peper X).
Новата најлута пиперка е далеку полута од претходниот рекордер, а нејзиниот творец вели дека имал страшни грчеви кога ја пробал.
Лутата пиперка се мери на Сковиловата скала, воспоставена во 1912 година од Вилбур Сковил. Ја мери концентрацијата на капсаицинот, главната активна компонента на лутите пиперки.
Пиперката X има дури 2,69 милиони сковили, надминувајќи ја Каролина Рејпер за цел милион единици.
Двете пиперки беа создадени од славниот одгледувач Ед Кари. За да го создаде пиперката X, Кари ја прекрсти Каролина Рејпер со пиперка што му ја испратил пријател со забелешка дека е „брутално лута“.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK