На петтиот пчеларски саем, кој од 3 до 5 ноември ќе се одржува на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе бидат изложени мед, пчелни производи и пчеларска опрема.
На саемот ќе учествуваат пчелари од цела држава и производители на мед и на пчелни производи, кои ќе им понудат на потрошувачите да одлучат, да дегустираат и да го разликуваат вистинскиот од лажниот мед.
Главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), а домаќин Град Скопје.
Организатор е ПФМ (Пчеларска федерација на Македонија).
Саемот ќе биде отворен од 9 до 18 часот.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK