Силното невреме ги помати сметките. Се предвидува дека до еден милион тони пченица ќе треба да се преработат во неквалитетна добиточна храна.
Силниот дожд и невреме што ја зафати југоисточна Австралија силно го погоди родот на пченицата, потенцијално намалувајќи го производството за повеќе од 100.000 тони. Покрај тоа, се предвидува дека до еден милион тони пченица ќе треба да се преработат во добиточна храна со послаб квалитет, според Ројтерс.
Невреме на половина пат од жетвата
Австралија е еден од најголемите светски извозници на пченица и моментално е на половина пат од жетвата.
Годинава беа погодени од временските услови на самиот почеток на одгледувањето. Прво, големите горештини, без врнежи го намалија прогнозираното производство на 25-28 милиони тони од околу 40 милиони тони минатата година. Но, тие очекуваа висок квалитет.
Пристигна многу повлажен ноември, со повеќе од 200 милиметри дожд за 24 часа оваа недела помеѓу вторник и среда во делови од Нов Јужен Велс и повеќе од 80 милиметри во делови на Викторија, соопшти австралиското биро за метеорологија. Дожд и засилен ветер се предвидуваат во наредните денови, токму на местата каде жетвата е во полн ек.
Земјоделците извесно време нема да можат да користат тешка механизација на нивите. Стравуваат од појава на габи, но и од никнување на зрната.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK