домаАгро ВестиГОСТИВАР Бањичани продолжуваат со блокади

ГОСТИВАР Бањичани продолжуваат со блокади

Pneumatik baner

ГОСТИВАР Бањичани продолжуваат со блокади: За „Бехтел и Енка“ државата сервира, а за народот не мисли.

Жителите на Горна и Долна Бањица продолжија со јавно изразување на незадоволство и револ за работите за изградба на Коридор 8, кои се вршат во атарите на нивните села. Денес организираа блокада во централното градско подрачје, паркираа трактори и не дозволуваа да поминуваат возила.

Семенарна хоризонтален банер

Надлежните органи не даваат никаков одговор, ќе продолжиме со протести и блокади затоа што сме во право, никој не ни кажува како и зошто се одзема нашето земјиште. Само велат дека е од општ интерес, но и ние живееме тука, ако е во општ интерес, тогаш е и во наш интерес.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Нека дадат одговор зошто се врши трајна експропријација. Има закон да биде времена експропријација. Вчера ова прашање беше отворено и како пратеничко прашање и пак нема одговор.

Тигар лого гиф

Не ни кажуваат зошто се одземаат нашите ниви. За да им биде добро на Бехтел и Енка државата сервира, а за народот не мисли.

Ние ќе продолжиме да си го браниме нашето земјиште, ако ни земат земјиштето нека ги земат и тракторите што ги паркиравме тука, нема да ни требаат“, рече во име на насобраните граѓани, Насир Асипи.
Бањичани најавија дека доколку не добијат одговор од институциите, ќе организираат протест и пред Собранието.

petel baner

ГОСТИВАР Бањичани продолжуваат со блокади

Дваесетина дена наназад мештаните јавно изразуваат револт што никој од надлежните институции не ги информирал дека ќе стартува таков проект и дека е предвидено да се врши експропријација на нивните ниви, туку одеднаш почнале да добиваат покани да си подигнуваат решенија за трајно одземање на земјиштето за минимален надоместок.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img