Риба во тегли – конзервирање риба во домашни услови – Доколку имате поголема количина риба, не е потребно да ја сушите или солите.
Многу едноставно и лесно можете да го зачувате дома, а со тоа и подолго да уживате во нејзиниот вкус.
Сите видови риби, и морски и речни, се погодни за конзервирање.
Главниот услов е рибата да биде свежа и добро исчистена. Овој рибен специјалитет мможе да се прави преку целата година.
Рибата прво се чисти, потоа се сече на парчиња и се мие додека крвта целосно не се отстрани.
Во поголемо тенџере се ставаат парчиња риба, а потоа се додава вода, сол, ловоров лист, бибер и рузмарин.
Кога ќе се свари рибата, ставете ја во тегли, додадете зачини, а потоа премачкајте со масло по желба (најдобро маслиново масло).
Доколку сакате, можете да додадете и зеленчук – лук, излупени домати, свежи или суви домати, кромид, маслинки…
Се препорачува да се користат стерилизирани тегли, а се претпочита и пастеризација по полнењето.
Риба во тегли
Вака конзервираната риба може да се чува на ладно место и темно место, дколку сте во можност вака подготвената риба можете да ја чувате и во фрижидер.
Дали сте слушнале за Циронка – сушена риба – Стење
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK