Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

18.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ВестиАфриканска чума во кумановско

    Африканска чума во кумановско

    petel baner

    Африканска чума во кумановско – Во кумановското село Тромеѓа потврдено е присуство на африканска чума. Лабораториските наоди од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје покажале присуство на болеста африканска чума кај свињите.

    Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека засега состојбата е стабилна и се спроведуваат потребните мерки за заштита од ширење на болеста. 

    „На фармата со 600 животни од различни категории, угинати се 60 свињи. Врз основа на епидемиолошката состојба и добиените лабораториски наоди од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, потврдена е болеста африканска чума кај свињите, во засегнатите подрачја воспоставени се заштитна и зона под надзор. Заштитна зона е во радиус од 3 км околу потврденото жариште и ги вклучува населените места Тромеѓа и населба Карпош во Општина Куманово“, велат од АХВ.

    Во кризните подрачја се врши отстранување на сите свињи кои се наоѓаат во одгледувалиштата каде е потврдена болеста како и во сите контактни одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болеста. Истовремено се чистат и дезинфицираат објектите, просториите, опремата и возилата на одгледувалитата каде е спроведена депопулација.

    Agrobot

    Под надзор е зона во радиус од 10 км околу потврденото жариште коjа ги вклучува следните населени места: Карабичане, Табановце, Четирице, Горно Коњаре, Долно Коњаре, Речица, Режановце, Лопате, Бедиње, Клечовце, Проевце, Љубодраг, Шупљи Камен, Черкези, Зубовце, Романовце, Бељановце, Доброшане и градот Куманово во Општина Куманово, Старо Нагоричане, Младо Нагоричане и Никуљане во општина Старо Нагоричане, Ваксинце и Опае во Општина Липково.

    Поради појавата на африканска чума затворен е пазарот за добиток во селото Долно Којнаре.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Африканска чума во кумановско и официјално е потврдена.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img