Лепче со паричка за Бадник или за Василица? – Традиционално, во Македонија, семејствата се собираат за вечера на Бадник.
Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, со цел обезбедување на богат род во земјоделските култури во иднината.
Во секоја куќа се меси кравајче, пита или погача во која се става пара. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата, а тој кој ќе ја најде се смета за најсреќниот во иднината.
Во некои делови од земјата, обичајот со кршење на лепче со паричка се извршува на Василица.
Некои црковни преставници се согласуваат дека за Бадник треба да си дома. Но, други велат дека лепчето со паричката треба да се чува за Василица.
Обичајот на Бадник да седнеме на маса и кршиме лепче со паричка не е црковен, туку фолклорен обичај.
Лепче со паричка за Бадник или за Василица?
Сепак, луѓето им останува на избор дали лепчето со паричка ќе го имаат на Бадник или на Василица.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK