Грижа за овошни насади – Помотехничките ги опфаќаат примената на сите мерки кај насадите, односно сите активности кои се извршуваат на секоја овошка посебно, активности кои влијаат на порастот, развојот и плодоносењето.
Од начинот на одгледување на коренот зависни и снабдувањето на растението со вода и минерални материи, тоа тоа потребно е да се извршуваат следните активности:
Длабоко разровкување на почвата- поради обрабтока, поминување на машини почвата се набива и се вложува структурата, водопропусливоста и сл.
Поради тоа потребно е на секој 4 -5 години да се врши подлабока обработка на почвата. Тоа се врши на тој начин што преку еден ред во ширина на зафатот меѓуредовите треба да 40% се врши подлабока обработка, при тоа може да се сечат корени од растението од 1cm.
Зајакнување на коренот – се врши на тој начин што се сади некоја подлога во близина на стеблото и на пролет се засекуваат стеблата се вовлекуваат по кора.
Преведување на сoпствен корен овошките на сопствен корен даваат поквалитетни плодови, се ожилува калемот на овошката и при што таа започнува да се храни од коренот на калемот.
Одледување на стеблото – исправање на стеблото – со поставување на кол до само стебло , тоа се врши кај садници кои се мали се поставува кол, кој се врзува на неколку места. Примена на парање на кората – кај зацврстена кора со правање на надолжни резови на самата кора со должни од 20 до 30 cm и по неколку резови, се спречува пораст на стеблото.
Заштита од ниски и високи температури може да се изврши со варосување на стеблото, се применува кај стебла постари од 3 години. стеблото со тек на време расте и самата кора напукнува тука може да се размножуваат инсекти и пак да биде место за развој на болести, со варосувањето се прави заштита.
Доколку стеблото е оштететено од зајци или глувци, може да се изврши и премачкување на стеблото со калемраски восок за затварање на раната.
Резидба на овошните растенија – за правилно извршување на резидбата потребно е познавање на биологоја и физиологија на овошките. Резидбата се изведува и кај млади и кај постари стебла. При грешки направени во формирање на круната, тешко се исправаат во текот на полн род на овошките.
Формирање на круната на стеблото и резибата се две нерадзделни операции. Формирање на круната го одредува типот на резидбата која подоцна ќе се извршува. Правилно формирање и режење се значајни за рано плодоносење, одржување на високи приноси, ренталибно производство. Добра осветленост на круната е значаен фактор за формирање на родно дрво кај овошките.
Големината на овошките е зависна од овошниот вид, сорта, подлога, почвата, ѓубрењето, сите овие фактори се значајни и за резидбата.
Резидбата може да се изведува во текот на целата година, во практиката се дели на зимска и летна резидба.
Зимска резидба може да се изведува веднаш по паѓањето на листови, се до потрерување на цветни папки, при што треба да се има во предвид во денови кога има негативни температури да не се врши резидба бидејќи дрвото може да биде смрзнато, тешко се сече, кората може да пука.
Зимската резидба се смета и како основна.
Летната резидба се изведува во текот на вегетацијата, и опфаќа повеќе помотехнички мерки како што се – филизење на леторастите, пинсирање, прекратување на леторастите и гранките и сл.
Летната резидба само ја надолнува зимската резидба, и кај слабобујни стебла не се препорачува.
Агротехнички мерки во овошните насади – опфаќа примена на мерки кои се извршуваат на почвата. Почвата во овошните насади се подолжна на повеќе неповолности како пораст на плевели, збивање, исушување, осиромашумање со хранливи материи и сл. За сузбивање на истите потребно е примена на агротехнички мерки, меѓу кои се следниве:
Одржување на површината во меѓуредниот простор – се обезбедува правилен развој на кореновиот систем, и се овозможува пораст и раст на овошката. Може да се изведува на повеќе начини: со обрабтока на почвата ( Угар) на есен на длабочина од 20cm и обработка на пролет на 15 cm. Површината може да се одржува и со затревување со треви со помала бујност. Затревеното меѓуредние се кои 6 -7 пати во вегетацијата.
Затревување на насадите се практкиува кај насади кои се постари од 4 година, бидејќи самите треви можат да бидат конкуренти на младите стебла. Кај помлади насади може да се одгледуваат и покултури во меѓуредниот простор. Со одледување на подкултури не штетни на насади само може да им подринесе, бидејќи се наводнуваат и ѓубрат култирите со тоа и стеблата.
Како подкултури може да се одгледуваат грав, грашок, бостан, тиква, краставици, зелка, домат, пиперка исл.
Може да се садат и подкултури кои имат непријатен мирис и при ги бркаат инсектите или пак другите непријатели, тие подкултури се следните: домат, лук, магдонос, рен, камилица и сл.
Одржување на површина во редот – од овој простор овошката црпи најмногу хранливи материи и вода, при што во тој простор постајано треба да има влага и не треба да има плевели. Тоа може да се врши со обработка на почвата – која се изведува механирано со бочни култиватори и треба да бисе подлабока од 5 до 6 cm, или пак може да с изведува и рачно.
Плевелите може да се уништуваат и со примена на хербициди – се третира на есен, зима или пак рано на пролет, и дејството им се само неколку месеци. Со постојана примена на хербици се влошува структурата на почвата, се намалува процентот на хумусот, фосфор и калиум.
Со мулчирање се зголемува влагата во почвата, се намалуваат плевелите, со разможувањето на материите се згоолемува хумусот во почвата. Мулчирањето значи прекривање на површината во редот со слама, окосена трева, пилевина или пак црна пластична фолија. Недостаток е што при зимата во мучот може да се населат глодари, кои може да прават штети на кората.
Против глодарите може превентивно да се делува со родентициди.
Ѓубрење на овошните насади – за правилен пораст почвата потребно е да ги има следниве карактристики, односно содржината на хумус да изнесува над 3% и pH на почвата да биде слабо кисела да биде во вредност од 5,5 до 7,0. Исто така важни се и Калиумот и фосфорот кои се тешко подвижни во почвата, и доколку се појави недстаток, најдобро се да се додат при длабока обработка на почвата. Од таа причина потребно е анализта на почвата да се направи пред садењето.
Доколку не се изврши ѓубрење при самото садење – во текот на првите години може да прихранаат, при што се отвара бразда на 50 cm одалечена од стеблто во длабочина од 30 до 40 cm и на секој метар става по 5 kg арско ѓубре а врз него се става по 50 до 60 gr фосфорно или пак калиумово ѓубре или пак се додава на секој метар по 100 gr од некое NPK ѓубриво.
На овој начин се врши ѓубрење во првите години. Доколку е поставен систем за наводнување капка по капка , може преку системот да се врши ѓубрење, при што заедно со наводнувањеторастението веднаш ги апсорбира хранливите материи.
Во првите години пожелно е да се прихрануваат и со азотни ѓубрива, односно во првата година е потребно 10 – 15 gr, во втората 30- 40 gr и третата година 70 -80 gr чист азот. Во текот на плодоносењето исто така е потребно да се врши ѓубрење.
За да се добие одредена колична на плодови, растението црпи од почвата хранилив материи, и почвата се осиромашува поради тоа е потребно секоја година да се прихрануваат. Врз основа некои анализа за еден хетар е потребно 40 t арско ѓубре да се додава на есен на секои три до четири години, и секоја година да се додава по 100 kg азот, 25 kg фосфор и 120 kg калиум, коганасадите се полн род.
Во нашите климатски услови не може да се одгледуваат насадите без наводнување, тоа е потребнода се изврши кога ќе има дефицит на влага во почвата. Односно овошката има потреба од вода во првиот месец на цветањето, во период на диференцирање на цветни папки, интензивниот пораст на плодовите па се до бербата.
Наводнувањето може да е врши со бразди (пуштање на вода во бразди кои се предходно направени, и некоу денови по надвонувањето браздите се затвараат да се конзервива влагата) , вештачки дожд ( како системот кап по кап – наместо капалки распрскувачи) и систем капка по капка.
Со користење на системот капка по капка се заштедува на вода, работна рака, се намалува пораст на плевелите, се заштитува почвата од езозија, се овозможува наводување заедно со ѓубрење ( фертиригација ), нема влажнење на листовите и појава на болсети, се одржува струкутрата на почвата, се добиваат повисоки и поквалитетни приноси.
Со овој начин на наводнување се овозможува правилен начин на навонување, водата се доведува до секое растение рамномерно. Системот се поставува така што во секој ред се ставаат пластчни цевки, и на растојание од 30 – 40 cm за лесно пропусливи почви се поставуваат капалки, за тешко пропусливи почви на 70 -80 cm.
Заштитините мерки се применуваат за заштита од болести и штетници. Кај секој овошен вид постои посебен вид на заштита. За сите овошни видови најзначано е што треба да се изврши третирање со бакарни препарати, веднаш по паѓањето на листовите на есен и пред почетокот на вегетацијата.
Овошните култури колку повеќе им постетиме внимание и ги негуваме толку повеќе ќе ни даваат род.
Васе Јорданов во својот овоштарник со цреши во Село Седларци струмичко.
Убаво е на Село.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK