Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

13.8 C
Skopje
Thursday, October 10, 2024

More
    домаАгро ВестиПрскање против пламеница и пепелница

    Прскање против пламеница и пепелница

    petel baner

    Прскање против пламеница и пепелница – Приметено е дека има појава на болестите пламеница и пепелница.

    Во различни региони, присутноста на болести во лозовите насади е со различен интензитет. Станува збор за економски штетници кои се честа појава особено во услови на зголемена влага, а во мометов климатските услови се многу погодни за ширење на болеста.
    Пламеницата на лозата е болест која редовно, секоја година се јавува и причинува помали или поголеми штети. Таа ги напаѓа сите зелени делови на лозата: листовите, ластарите, цутовите, гроздот и гроздинките. Лозата е најосетлива во фазата на интензивен раст и на крајот при зреењето на грозјето. Идеалните услови за развој на пламеницата се предизвикани од врнежливиот период, што доведува до губење на квалитет и на принос во лозовите насади.
    За насадите каде лозата се наоѓа во фаза на пред цветање или цветање на грозјето, што зависи од регионот на одгледување и сортата на грозјето се препорачува лозарите да ја извршат заштитата со следните заштитни средства:

    Otkup na kompiri

    Прскање против пламеница и пепелница – Период пред цветање и за време на цветање на лозата:

    Против пламеница:

    Артемил комби – котактно + системично дејство
    Ридомил комби – котактно + системично дејство
    Ампексио – котактно + системично дејство
    Катанга трипло – котактно + системично дејство
    Пергадо Ф – котактно + системично дејство
    Катанга екстра + Фолпет + Норкасе – комбинација
    Лието + Фолпет – комбинација


    Против пепелница:

    Фоликур + Сулфур – комбинација
    Еминенг + Сулфур – комбинација
    Спирокс + Сулфур – комбинација
    Спирокс Д + сулфур – комбинација
    Лозовите насади кај кои болестите се присутни во поголема мерка, заштитата да ја повторат за 10 дена од претходното третирање.

    За заштита во периодот после цветање на лозата, ги препорачуваме следните комбинации на заштитни средства, како и некои други препорачани од стучни лица.

    Период после цветање на лозата:

    Против пламеница:

    Емендо Ф – системик
    Артемил комби – системик
    Ридомил комби – системик
    Фестивал – контактен + локал системик
    Против пепелница:

    Колис + Сулфур – комбинација
    Динали + Сулфур – комбинација
    Луна + Сулфур – комбинација
    Топас + Сулфур – комбинација
    Вивандо + Сулфур – комбинација
    Интервалот на аплицирање од едно до друго прскање да биде 10-14 дена доколку продолжат ваквите временски услови или по препорака на производителот.

    agrounik

    Според насоките од Фитосанитарната Управа, постојат и други препарати со кои се третираат овие болести.

    Она што е важно е дека лозарите треба да внимаваат препаратот да биде регистриран и одобрен за употреба, во спротвивно постои можност да се предизвика интоксикација. Препорачаните дози, односно концентрации мора да соодветствуваат со дозите/концентрациите кои се наведени во упатството за употреба на соодветните производи за заштита на растенијата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Од тие причини, ги повикуваме сите лозари внимателно да го изберат препаратот кој е соодветен за регионот и за сортата која ја одгледуваат и во ниту еден случај да не користат препарати кои не се дозволени за употреба.
    Потребно е внимателно следење на состојбата со болестите на лозовите насади и во периодот после цветањето на лозата, следење на временската состојба и консултации со стручни лица како би се избегнале поголеми економски штети. Воедно, треба да се внимавапокрај пламеницата и пепелницата, обавезно да се следат и третираат и другите болести и штетници кај лозата.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img