Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

15.8 C
Skopje
Saturday, September 14, 2024

More
    домаАгро ВестиЗасилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство

    Засилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство

    petel baner

    По вонредните засилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведе во туристичките центри во земјава, покрај редовните контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување на засилени контроли на целата територија на државава. Во моментов во тек е спроведување на вонредни контроли  во угостителските објекти во целата земја. 

    Минатата недела спроведовме засилени контроли во главниот град како честа туристичка дестинација. Контроли беа спроведени кај оператори со храна, вклучувајќи ги и пазарот Бит Пазар, познатата Пластичарска улица  и старата скопската чаршија како еден од најпосетуваните туристички дестинации во Скопје од страна на туристите. Таму контроли беа спроведени кај 62 оператори –  кафе барови, ресторани, гостилници, сендвичарници, пекарници, слаткарници бурекџилници, ќебапчилници, месарници и чајџилници, како и кај трговци со производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната.

    Otkup na kompiri

    Вонредни контроли во Скопје минатата недела беа спроведени и кај оператори кои се занимаваат со трговија на производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната. Надзори се спроведени  кај десеттина оператори и еден магацин за оваа категорија производи. Со контролите најдени се оператори со нерегистрирана дејност при што е наложено нивна регистрација. 

    Кај некои оператори со храна утврдени се недоследности во однос на хигиената  за што е наредено спроведување на мерки за чистење и дезинфекција, немање санирани книшки за вработените, но и недоследности од поголем обем како што се ставање во промет на небезбеден производ, недеклариран производ, чување на храна ва амбиентална температура, а  пронајдени се и оператори  со нерегистрирана дејност. 

    Во тридневните спроведени вонредни контроли, инспекциските служби на АХВ издадоа 33 решенија за утврдените недоследности, а изречени се и 14 парични казни. Покрај ова изречени се и мерки за забрана за вршење на дејност до исполнување на условите, наредено е регистрирање на нерегистрираните оператори со храна , а како небезбедни уништени се 640 килограми храна од животинско потекло.

    agrounik

    Инспекциските надзори на зелените пазари во главниот град продолжуваат и во наредниов период.  

    Инспекциските служби на АХВ во петокот спроведоа надзор и во месарница во туристичкиот центар Охрид. Поради нечитка декларација и пласирање на небезбеден производ на пазарот, нештетно се уништени 10,7 килограми смеса од мелено месо. На правното лице изречена му е глоба од  1000 евра, а на одговорното лице во правното лице дополнителни 400 евра казна во денарска противвредност.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Покрај вонредните засилени контроли, инспекциските  служби на АХВ продолжуваат со спроведување и на редовните контроли согласно Годишниот план. Во првите 6 месеци од годинава  во внатрешниот промет спроведени се 24. 335 инспекциски контроли. Изречени вкупно 2 433 инспекциски мерки. Уништени 37,6 тони и 13.654 литри небезбедна храна.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img