Легнаа пари за млекото – Исплатени над 216 милиони денари на македонските млекопроизводители
Македонските млекопроизводители, кои произведуваат кравјо, овчо и козјо млеко, добија значителна финансиска поддршка.
Исплатени се вкупно 216.712.603,00 денари на 4.430 земјоделски стопанства. Овие средства се доделени на регистрирани одгледувачи на говеда, овци и кози, кои своето млеко го предале на регистрирани откупувачи на сурово млеко во текот на месеците август, септември, октомври, ноември и декември 2023 година.
Исплатата е дел од редовната програма за директни плаќања, со цел да се поддржи домашното производство на млеко и да се обезбеди стабилност во земјоделскиот сектор.
Висината на исплатите е утврдена според типот на млекото: 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко.
Легнаа пари за млекото
Оваа поддршка претставува значаен чекор за зајакнување на македонската млечна индустрија и подобрување на условите за млекопроизводителите, кои се клучен дел од земјоделскиот сектор во земјата.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK