Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

More
    домаАгро ВестиКој може да биде корисник ИПАРД

    Кој може да биде корисник ИПАРД

    petel baner

    Кој може да биде корисник ИПАРД – мерка 7

    Физички лица кои се регистрирани со живеалиште во рурална средина или имаат

    Otkup na kompiri

    регистрирано економска активност во рурална средина;

    • Физичко лице кое е регистрирано како занаетчија во Регистарот на занаетчии,

    согласно Законот за занаетчиска дејност за активности за кои е предложена

    инвестицијата;

    • Физичко лице кое е регистрирано како угостител (вклучувајќи сместување) во

    Регистарот за угостители согласно Законот за угостителска дејност, за активностите

    за кои е предложена инвестицијата;

    • Физичко лице кое е регистрирано како Трговец поединец во Централниот регистар

    во согласност со Законот за трговски друштва;

    • Физичко лице регистрирано во Единствениот регистар на земјоделските стопанства

    како претставник на семејно земјоделско стопанство и

    • Физичко лице регистрирано како индивидуален земјоделски производител во

    Регистарот на индивидулни земјоделски производители во Министерство за

    земјоделство, шумарство и водостопанство или во Фонд за пензиско и инвалидиско

    осигурување.

    Физички лица кои предлагаат нови инвестиции за стапување во економски активности

    во руралните средини (на пример за самовработување) се прифатливи за поддршка во

    рамките на оваа мерка само доколку ги исполнат специфичните барања, односно ако

    тој/таа:

    • поседува докажани професионални вештини и компетенции преку завршено средно

    образование или минимум 3 години работно искуство од областа на земјоделско

    производство, преработка или услуги поврзани со земјоделството (докажано преку

    доказ за професионално работно искуство или преку доказ како корисник на

    националните програми за поддршка во земјоделството и руралниот развој или

    други прифатливи писмени докази) или стручна обука или друг професионално

    признат сертификат за одделна стопанска не-земјоделска дејност (за приоритени

    сектори 2,3,4,5,6,7 и 8);

    Упатство за корисници за мерка – Диверзификација на фарми и развој на бизниси

    • се обврзе дека на крајот на инвестицијата (пред поднесување на конечното

    барањето за исплата) тој/таа ќе ја регистрира економската активност како

    занаетчија, угостител,трговец поединец или правно лице во општината каде што се

    наоѓа руралната средина.

    Правни лица регистрирани во Централниот регистар во ранг на микро и мали претпријатија доколку тие ги исполнуваат критериумите утврдени во Препораката 2003/361/ЕС (истата може да се превземе од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk), кои се сумирани во следната табела:

    Ранг на претпријатие Број на вработени Годишен приход (обрт) Биланс на состојба Мало <50 ≤ € 10 милиони ≤ € 10 милиони Микро >< 10 ≤ € 2 милиони ≤ € 2 милиони

    Напомена: Согласно методологијата за пресметка на големина на субјект од наведената препорака, во предвид се земаат партнерските и поврзани субјекти на корисникот.

    Новоформираните претпријатија ќе се оценуваат врз основа на очекувана големина како што е предложено во техничкиот предлог проект/ деловниот план.

    Потребните податоци врз основа на кои може да се утврди големината на правниот субјект се добиваат од документот „ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИ ОД ГОДИШНАТА СМЕТКА ” издаден од Централен Регистар на Република Македонија.

    За јавниот повик 02/2024 за утврдување на големината на барателите ќе се користат податоци „ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИ ОД ГОДИШНАТА СМЕТКА ЗА 2021, 2022 и 2023 ГОДИНА”.

    Задруга која е регистрирана во Централниот регистар . Здружени правни лица (за колективни инвестиции) кои се контролирани од земјоделски производители и се признати како такви според законот.

    Следниве видови на здружени правни лица можат да аплицираат и да ја користат доплнителната поддршка од оваа мерка:

    Задруга; Групи на производители и организации на производители признати како такви во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој и регистрирани во Регистарот на групи на производители и/или Регистар на организации на производители што го води МЗШВ;

    agrounik

    Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство или преработка на земјоделски производиоснована од овластени претставници на семејно земјоделско стопанство запишано во Единствен регистар на земјоделски стопанства и Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство или преработка на земјоделски производи основана од здружение на земјоделски производители.

    Минималниот број на земјоделски производители ангажирани под некој од горенаведените субјекти е најмалку 10.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Не би требало да постои Земјоделец кој во својот именик го нема бројот  070239234 на Зоран Коцев бидејќи луѓето како него навистина можат многу да им помогнат на Земјоделците полесно и посигурно да ги остварат своите планови за развој.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img