НАЈК ПРОМ е генерален застапник и увозник во Македонија на светски познатиот и реномиран италијански бренд OKAY Еkonomic.
Широката палета на специјализирани линии производи со моторен погон опфаќа: мотокултиватори, агрегати за струја, моторни пумпи, моторни косилки, тримери, моторни пили, режачи на гранки, дупчалки, перачи под притисок, со различни перформански и дополнителна опрема, како и секако вид на бензински и дизел мотори.
Производите од брендот OKAY Еkonomic се со 1 година гаранција и целосна подршка во и вон гарантен рок во Нашиот високо опремен овластен сервис за сите застапувани брендови.
Мотокултиваторите OKAY се високо квалитетни машини наменети за обработка на почвата во земјоделието, градинарствотo, оранжериите, овоштарството, лозарството, како и одржување на тревни површини. Силната конструкција и моќните дизел и бензински мотори овозможуваат прецизна, лесна и едноставна употреба и во најсложените услови.
Во продолжение, тековна понуда со перформанси и цени.
Напомена, цените се за ориентација.
За подетални информации, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ Ви стои на располагање!
Контакт Струмица:
075/468-450; 072/261-251; 075/256-481
Контакт Битола:
075/212-768
e-mail: [email protected]
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи безмалку 20 години на Нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори, земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго.
Генерални и директни увозници сме на повеќе познати и реномирани брендови како LOVOL, POLARIS, AODES, LINHAI, KAYO, SHINERAY, LONGJIA, OKAY Ekonomic, AGROKUN и други.
Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок.
Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со Нашите ценети клиенти.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK