Taphrina deformans – Причинител на кадрувањето на лисјата кај праската.
Тоа е стопански најважната болест кај праската. Потекнува од Јапонија и во Европа е внесена во 1821 год.
Габата Taphrina deformans ја напаѓа праската, нектарините, ретко бадемот, а посебен вариетет ја напаѓа кајсијата.
Паразитот ги напаѓа лисјата, леторастите, цутовите и плодовите. Но, најкарактеристични промени се забележуваат на листовите, каде листовите хипертрофираат, стануваат задебелени, светло зелени со мала нијанса на црвена боја.
Ако лисјата бидат зафатени уште во почетокот на вегетацијата, тие покасно целосно хипертрофираат. Додека при покасните зарази на лисјата се појавуваат задебелувања само на одредени места на листот.
Габата Taphrina deformans е облигатен паразит. Во својот развој околу 3 месеци се развива во својот домакин, а околу 9 месеци се наоѓа по површината на овошките каде се одржува и презимува.
Но може да се најде и во вид на мицелија внатре во папките каде презимува и со почетокот на вегетацијата се појавуваат првите зарази.
Најмасовни зарази се остваруваат при ладна и влажна пролет оптимална температура за развој е од 15-21°C, и релативна влага на воздухот од 65-80%.
Се третира со препарати кои имаат активна материја Captan. Прво третирање се извршува во фаза на потерување на розе папка.
Второ третирање е пред отварање на розе папка. Трето третирање, прскање кога имаме 80% отворени цветови.
![](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2025/02/Taphrina-deformans-5.jpg)
![](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2025/02/Taphrina-deformans-4.jpg)
![](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2025/02/Taphrina-deformans-3-1024x576.jpg)
![](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2025/02/Taphrina-deformans-2-1024x766.jpg)
![](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2025/02/Taphrina-deformans-1-1024x766.jpg)
Со почит,
М-р Апостол Чугунцалиев
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK