ОД НИВА ДО ТРПЕЗА – СÈ ОД НАШАТА ОПШТИНА На 14 и 15 јуни 2025 година, во 11:00 часот во Парк Авионче, Ново Лисиче – општина Аеродром, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во организација на здружението „Наша традиција, наша иднина“ ќе се одржи настанот „ОД НИВА ДО ТРПЕЗА – СÈ ОД НАШАТА ОПШТИНА”.
Овој настан ги претставува дел од континуираните активности на Министерството за поддршка и промоција на квалитетните земјоделски производи.
Настанот има за цел директно поврзување на земјоделските производители со граѓаните, промоција на квалитетната храна произведена на македонска почва, како и поддршка на развојот на руралните средини и руралниот туризам.
Граѓаните ќе имаат можност да дегустираат квалитетни домашни производи од сите региони на државата, да уживаат во богата музичка програма и да се запознаат со занаетчиски производи.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поканува сите граѓани да бидат дел од овој значаен настан кој ја промовира традиционалната македонска храна, карактеристична за секоја општина, како и убавините на нашиот рурален туризам.
Заедно да градиме подобра иднина за нашето земјоделство!
ОД НИВА ДО ТРПЕЗА – СÈ ОД НАШАТА ОПШТИНА Ветуваме дека целиот Тим на Земјоделие.мк ќе дојде на дружба.
Браво за МЗШВ и за општина Аеродром.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK