Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

7.8 C
Skopje
Tuesday, October 14, 2025

More
    домаАгро ВестиОбјавени три јавни повици за финансиска поддршка

    Објавени три јавни повици за финансиска поддршка

    petel baner

    Објавени три јавни повици за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се залага за модернизација на земјоделското производство со што ќе се подобри на продуктивноста и конкурентноста на земјоделските стопанства.

    Денеска се објавени три јавни повици за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, со цел модернизација на земјоделските стопанства во Македонија.

    bum.mk

    ЈАВЕН ПОВИК БР. 05/2025

    Овој повик ги покрива следните инвестиции:

              •        Набавка на машини за разбивање на мраз;

              •        Набавка на системи против замрзнување;

              •        Заштитни мрежи и заштитени фолии;

              •        Набавка на опрема за систем за наводнување-капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површина вода;

              •        Инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларник за заштита од дивеч.

    ЈАВЕН ПОВИК БР. 06/2025

    Овој повик се однесува на:

              •        Набавка на приклучна земјоделска механизација.

    ЈАВЕН ПОВИК БР. 07/2025

    Овој повик ги покрива следните области:

              •        Инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем;

              •        Инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем.

    За сите три јавни повици максимална вредност е 600.000,00 денари по корисник.

    agrounik

    Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

    Право на аплицирање имаат Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Крајниот рок за доставување на барањата е 11.07.2025 година.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img