домаАгро ВестиЦени на житарици во 2026

Цени на житарици во 2026

Pneumatik baner

Цени на житарици во 2026: Пченката поскапа од пченицата, пазарот под силно геополитичко влијание

Европскиот пазар на житарици влезе во 2026 година со невообичаена состојба – цената на пченката се израмни, па дури и ја надмина цената на пченицата, додека пченицата и понатаму се задржува над психолошката граница од 191,5 евра по тон.

И покрај благо закрепнување на пазарот, многу производители во Европа сè уште ја одложуваат продажбата, бидејќи актуелните цени не ги покриваат трошоците за производство. Аналитичарите оценуваат дека 2025 година била солидна по приноси, но исклучително слаба по приходи за земјоделците.

Семенарна хоризонтален банер

Според францускиот аналитичар Демијан Веркамбро (Inter-Courtage), ниските цени на житариците во Западна Европа не обезбедиле економска исплатливост. Во своето најново извештај за суровини, швајцарската финансиска институција UBS наведува дека реалните цени на житариците во 2025 година биле меѓу најниските во последните 40 години.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Геополитиката повторно го крева ризикот

Движењата на цените се под силно влијание на глобалните неизвесности. Ескалацијата на конфликтот во Украина, особено нападите врз инфраструктурата и бродовите во Црното Море, повторно го зголемува ризикот во трговијата со жито. Дополнително, сушните услови во американскиот Среден Запад и лошите прогнози за врнежи даваат поддршка на растот на цените.

Сепак, растот на цената на пченицата е ограничен поради силната конкуренција на светскиот пазар, пред сè од Русија и Аргентина, кои агресивно продолжуваат со извозот.

Пченката станува клучна за европскиот пазар

Особено внимание привлекува пазарот на пченка. На берзата Euronext, терминските договори за март ја пробија границата од 190 евра по тон, во услови кога европската понуда е ограничена.

Украина, како еден од најважните снабдувачи на ЕУ, се соочува со сериозни проблеми во производството и логистиката, што дополнително ја намалува достапноста на пченка на пазарот. Поради тоа, француската пченка е исклучително барана, а се проценува дека извозот во рамки на ЕУ во сезоната 2025/26 може да достигне речиси 4 милиони тони, ниво кое не е забележано од 2021/22 година.

Како што цените на пченката се приближуваат до оние на пченицата, дел од купувачите сè почесто користат сточна пченица како замена во исхраната на добитокот, што дополнително ги менува пазарните односи.

Маслодајните култури со посилен раст

За разлика од житариците, маслодајната репка бележи значително посилен раст, со цени кои веќе надминаа 470 евра по тон, поддржани од ограничена понуда и стабилна побарувачка.

Тигар лого гиф

Што можат да очекуваат земјоделците во 2026?

Пазарите со големо внимание ги очекуваат новите извештаи од американското Министерство за земјоделство (USDA). Трговците предвидуваат намалување на производството на пченка во САД, како и пад на површините под зимска пченица.

Според прогнозите на UBS, во периодот 2026–2027 година се очекува благо намалување на глобалните површини под житарици, додека побарувачката ќе остане стабилна. Клучни фактори кои ќе влијаат врз цените ќе бидат:

petel baner
  • развојот на ситуацијата во Украина
  • побарувачката од Кина
  • движењето на цените на ѓубривата и енергенсите

За македонските земјоделци, овие трендови значат дека пазарната неизвесност ќе продолжи, а внимателното планирање на производството и моментот на продажба ќе бидат клучни за економска одржливост во претстојната сезона.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img