Известување за одржување на ловечки испит
Стручната комисија за полагање на ловечки испит при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека ловечкиот испит ќе се одржи на 21.02.2026 година (сабота), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Министерството.
Испитот ќе се спроведе согласно важечките законски и подзаконски прописи кои ја регулираат оваа област, а истиот има за цел проверка на знаењата на кандидатите во однос на ловството, заштитата на дивечот, безбедното ракување со ловечко оружје и почитувањето на етичките принципи во ловството.
На 16.02.2026 година на официјалната веб-страна на Министерството ќе биде објавен список со кандидати кои ги исполнуваат условите и кои ќе можат да пристапат кон полагање на ловечкиот испит. Кандидатите се должни навремено да го проверат списокот и да се информираат за своето учество.
Напомена: Право на полагање ќе имаат сите кандидати кои доставиле комплетно и уредно Барање за полагање ловечки испит до архивата на Министерството најдоцна до 15.02.2026 година.
Барањата доставени по истекот на овој рок нема да бидат земени во предвид и ќе останат за разгледување во рамки на наредната испитна сесија.
Се препорачува кандидатите да пристигнат најмалку 30 минути пред почетокот на испитот, со важечки документ за лична идентификација, со цел навремена евиденција и непречено спроведување на постапката.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

















