Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро советиКадравост на листовите Taphrina deformans

    Кадравост на листовите Taphrina deformans

    petel baner

    Кадравоста на листовите кај праската е економски најзначајна болест на праската.

    Се јавува секаде каде праската се одгледува, при што причинува значајни штети. Во наши услови се јавува секоја година и е распространета во сите реони каде праската се одгледува.

    Otkup na kompiri

    Главни домаќини се праската и нектарината, а многу ретко може да се јави на кајсијата и бадемот.

    Болеста се јавува на сите зељести делови кај праската, односно на листовите, цветовите, ластарите и плодовите. При тоа, најсериозни штети предизвикува на листовите.

    Првите симптоми на листовите се јавуваат 2-3 недели после отворањето на лисните пупки.

    Заразените листови се задебелени, деформирани, набрани и накадравени, по што и болеста го добила името – кадравост.

    Лиската може да биде целосно зафатена или делумно, што зависи од времето на инфекција. Заболените делови во целост го губат хлорофилот, добиваат зеленкасто-жолта или црвенкасто-љубичеста боја, во зависност од сортата.

    При крајот на пролетта, на лицето од накадравените листови се формира сивкаста превлака, која е сочинета од спорите на паразитот.

    Неколку недели после појавата на симптомите, заразените листови пожолтуваат, овенуваат и предвреме опаѓаат.

    Како резултат на предвременото опаѓање на листовите, доаѓа и до губење на плодовите, што негативно се одразува врз приносот.

    Во текот на јуни и јули, опаднатите листови се заменуваат со млад прираст, што доведува до трошење на дополнителни хранливи материи, а како резултат на тоа овошките слабеат.

    Заразените ластари се пократки, подебели и кадрави, а по појавата на сивата превлака, изумираат.

    Нападнатите плодови се помалку или повеќе деформирани, а заразените цветови се деформираат, сушат и опаѓаат.

    Болеста не предизвикува директно сушење на праската, но доведува до нејзино силно слабеење и склоност кон измрзнување во зимскиот период.

    Освен тоа, родноста е силно намалена за следната година.

    Кадравост на листовите

    Причинител е паразитот Taphrinia deformans.


    Ги напаѓа најповеќе младите листови на праската, поретко цветот и плодовите. Листовите се заразуваат по тргнување на вегетацијата.

    Младите листови почнуваат да се деформираат, свиткуваат, задебелуваат, го губат хлорофилот и жолтеат да подоцна потполно се деформираат и набабрат. С

    о порастот на листот симптомите стануваат по изразени, а листовите добиваат виолетово – црвена боја.

    Во тоа време на листовите се ствара сивкасто – прашкаст слој на скус со аскоспори. Кон крајот на пролета заразените листови добиваат темна боја се сушат и отпаѓаат.
    Расејувањето на паразитот е осигурано со обилната спорулација на аскоспорите и со секундарните спори, кои настануваат со пупење на аскоспорите.

    Инфекциите настануваат во релативно краток рок.

    Презимените спори со пролетните дождови се симнуваат од гранките на лисните папки, се размножуваат со пупење и штом папката се отвори, во капките од вода ртат и прават инфекција на тукушто отворената пупка или млад лист.

    По инфекцијата паразитот продира под лисната кутикула образуваќи сплет на хифи – химениум.

    agrounik

    Некој од хифите се развиваат во аскуси кои ја подигаат кутикулата, избиваат на површината и формираат сивкаста превлака.

    Аскоспорите се расејуваат со ветрот. Од нив настануваат секундарни спори кои презимуваат на гранките.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кадравост на листовите

    За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img