Вргањ во тегла – Еве еден едноставен и вкуксен рецепт за маринирање на млади вргањи во тегла:
Припрема на маринирани вргањи во 5 чекори
1. Свежо набрани вргањи ги чистиме од земја, листови, тревки и останати прљавштини.
Вргањите мора да бидат млади и цврсти.
2. Ги миеме во ладна вода и ги сечкаме на посакуваната големина, парчињата не би требало да бидат ни многу големи ни многу мали и да бидат изедначена големина.
3. Во поголемо тенџере ставаме околу литарипол вода и голема лазица сол да зоврие. Ги ставаме претходно измиените и исечкани вргањи во зориената вода и ги вариме од прилика 8 до 10 минути додека од водата не почне да испушта пена.
Оваа вода ја истураме тенџерето го миеме и ги вадиме печурките, повторно долеваме ладна вода од прилика 6 dl, ставаме зачини сол, бибер во зрна, магдонос, лук и оцет.
4. Во зовриената вода со зачини ги додаваме печурките и ги вариме околу 7 минути по што ги ставаме во претходно припремени чисти врели стаклени тегли.
Печурките ги редиме и ја додаваме течноста во која вториот пат се вареа печурките. Добро ги затвараме со капачиња додека сеуште се жешки и ги оставаме на темно место покриени со пешкир или завиткани во ќебе за полека да се ладат преку ноќта.
5. Вака маринираните вргањи може да се јадат чим се оладат.
Доволно се цврсти, доволно сочни и во ваква маринада можат да седат подолго време. Со текот на времето ќе приметите дека при вадење од теглата маринадата малку се развлекува тоа е сосема нормално бидејќи вргањот пушта свој сок.
Можете да ги јадете како салата или да ги додавате во различни јадења со месо.
УЖИВАЈТЕ во ШУМСКИТЕ ПЛОДОВИ
Вргањ во тегла Рецепт 2
Состојки:
- 500 грама млади вргањи печурки
- 2 чашки мали оцет
- 1 чаша вода
- 1 лажица сол
- 1 лажица зачин
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка пипер (или по желба)
- 1 лажичка црн пипер
- Лук по желба
- Ловоров лист по желба
Упатство:
- Добро исчистете ги печурките и отстранете им ги стеблата. Ако се премногу големи, може да ги исечете на половинки или четвртинки.
- Во некое поголемо тенџере или сад за варење, комбинирајте го оцетот и водата. Додадете солта, зачинот и шеќерот, и добро измешајте се додека се растворат сите состојки.
- Додадете ги вргањите печурки во тенџерето со маринадата. Оставете ги да стојат околу 10-15 минути, за да го упојат вкусот на маринадата.
- Загрејте го тенџерето на средна температура и гответе ги печурките околу 5-7 минути, се додека не омекнат и не добијат златно-кафена боја.
- Додека печурките се готват, припремете ги стерилизираните тегла за конзервирање. Исчистете ги добро и оставете ги да се осушат.
- Кога печурките ќе се готови, ставете ги во подготвените тегла. Додадете по една лажица зелен бибер и црн бибер на секое тегло.
- Додека сè уште се греат, затворете ги теглата со капачиња и превртете ги надолу. Оставете ги да се ладат на собна температура.
- Кога ќе се ладни, ставете ги во фрижидер и оставете ги да се маринираат
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK