Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More

    Петровден

    petel baner

    Петровден – Свети апостоли Петар и Павле

    Погледнувајќи ги со своите духовни очи ликовите на денешните славени­ци – великите, духоносни, првоврховни и богопросветени апостоли Петар и Пав­ле, можеме со благоговение да се поклониме пред величието на нивниот ду­ховен подвиг, како на исполнувачи на Божјата волја, проповедници на Божјото слово и мажествени борци за Христовата правда. Иако денес со пофални збо­рови светата Црква пее и го прославува нивниот спомен, сепак, и денес имаме можност да извлечеме прекрасни спасителни поуки од нивниот живот и дела.

    Otkup na kompiri

    Евангелската историја ни сведочи за животот на апостол Петар. Пред сè, да не заборавиме дека и тој бил човек. А како човек, во предвечерието на Христовите страдања, Петар, по својата човечка малодуш­ност и страв, трипати се откажал од Христа, колнејќи се пред сите дека не го познава Христа. Колку било длабоко паѓањето на апостол Петар, кој сеуште не бил прероден со благодатта на Светиот Дух! Но, набргу се случило неговото исправање. Само што ја почувствувал тежината на својот грев, Петар горко за­пла­кал. А по Своето воскресение, Христос трикратно го прашал апостолот да­ли Го љуби, и откако добил потврден одговор, го вратил неговото апостолско дос­тоинство.

    Искреното покајание, плачот за своите гревови, секо­гаш е спасително за секој грешник, зашто плачот има сила да ја привлече Божјата милосрдност. Според древното предание на Црквата, апостол Петар секоја ноќ, кога ќе го слушнел пеењето на петлите, си спомнувал за својот тежок грев, се разбудувал, клекнувал на молитва и потоци од солзи течеле од неговите очи. А, зарем ние секојдневно не се одрекуваме од Христа? Зарем неисполнувањето на Божјите заповеди не значи откажување и предавство на Христа? Зарем при своето крштение, преку устата на своите кумови, не дадовме ветување пред Господа дека ќе бидеме верни Христови слуги? Колкупати во својот живот, застанувајќи пред светата Чаша за да се соединиме со Христа, сме ветиле дека повеќе нема да грешиме и тоа свое ветување под нозе сме го изга­зи­ле? И токму во тие моменти треба да се сетиме на Петровото покајание, на не­говите солзи, и тие да ни бидат образец за нашето покајание пред Господа, зашто подобар пример за вистинска духовна преродба и започнување нов жи­вот речиси и да немаме.

    А, пред нас се наоѓа ликот и на свети апостол Павле. Оној Павле, кој беше гонител на христијаните и строг исполнувач и чувар на јудејскиот закон. Но, кога прогледа со своите духовни очи, истиот тој Павле ги надмина сите оста­на­ти апостоли со својата ревност во исполнувањето на апостолскиот подвиг. Колкупати беше тепан со стапови, камења, ставан во окови и затвори, колку­па­ти беше спасен од потонувања во морските длабочини! Но, не постоеше сила ко­ја можеше да го оттргне од неговата цел. Секогаш и насекаде неговата уста знаеше да зборува само за Бога. Павле не знаеше што е одмор и последните сили секогаш ги користеше за прославување на Божјото име. Затоа постана велик, првопрестолен, пред чие име се восхитува целата православна вселена и чие име, заедно со името на апостол Петар, до крајот на вековите ќе се превоз­не­сува и прославува во Христовата Црква.

    Уште еднаш да се потсетиме на зборовите од апостол Павле, кои имал навика честопати да ги повторува: „Беден човек сум! Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт?“ (Рим. 7: 24); „Не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата црква“ (1. Кор. 15: 9). Овие зборови се доказ дека, Павле никогаш не го заборавил гревот кој го направил во млади години, гонејќи ги и убивајќи ги христијаните. Тоа сеќавање ја измачувало неговата душа и секогаш во него поттикнувало желба за покајание. Секогаш кога ќе се сетел на својот грев, Павле бил подготвен најискрено да се спореди со најбед­ни­те нешта на земјава.

    Затоа, денес да се поучиме и од Павловото сми­рение. Слично на него, да се сеќаваме и ние што почесто на своите гревови и за нив искрено да се каеме, па на таков начин постојано да бидеме смирени пред ли­цето на Господа. Потребно е да бидеме смирени и еден пред друг, со ништо да не се гордееме еден пред друг, дури и кога за тоа имаме повод, зашто сите кои живееме на земјава сме грешни луѓе.

    Поучувајќи се денес од Петровото покајание и од Павловото смирение, должни сме да се потсетиме и на заедничката врска која неразделно ги споју­ва­ла двајцата апостоли. Тоа било љубовта кон Господа Спасителот, зашто тие го проповедале Божјото слово единствено од љубов кон луѓето, со цел да ја спасат се­која душа и да ја доведат до познавање на Вистината. Свети Јован Златоуст за апостол Павле запишал: „Јас не можам да најдам зборови, со кои би опишал со каква љубов кон луѓето чукало срцето на овој голем апостол. Него­ва­та љубов била поширока од океанот, посилна и посветла од најсјајниот оган“. Павле ги љубел луѓето како да е нивни родител. Тој бил подготвен дури и за секого да постане сè, само да го спаси од вечните маки. Колку голема е оваа љу­бов? Токму таквата апостолска љубов и таквото срце во кое немало лицемерие, биле главни виновници што Павле достигнал недостиж­ли­ва височина на величие и светост. Кога и ние би имале барем ронка на таква љу­бов еден кон друг, тогаш, да бидеме сигурни, ќе имаме вистински патоказ по кој треба да одиме, зашто сите ние ќе бидеме сигурни едни во други, исполнети со доверба и чесност. Затоа заповедта за љубовта е најголема од сите заповеди кои Господ ни ги дал. Оној, кој ќе ја исполни таа заповед и кој во своето срце има љубов за секој ближен, само тој вистински го исполнил целиот Христов закон.

    Денес можеме да се поучиме и од уште еден важен момент од животот на светите апостоли. Петар беше обичен рибар, прост и неук, кој својот леб го заработуваше на брегот на Тиверијадското езеро, а Павле, за разлика од него, беше учен човек, кој јудејскиот закон и обичаи ги изучуваше кај прочуените еврејски рабини. Но, Господ двајцата ги повика за една величествена мисија. Ова е уште еден доказ за вистинитоста на Христовите зборови дека Господ не гледа на лице кој е кој, туку гледа во човечките срца. А, нивните срца било потребно правилно да бидат насочени, па на таков начин тие двајца да го дадат својот максимум и да го искористат талантот даден од Бога. Истото се случува со секој од нас. Господ по разни патишта и на разни начини го повикува секој од нас кон покајание и спасение. Целта, со која биле повикани Петар и Павле, и со која сме повикани сите ние е една – да одиме по Христовите стапки до крајот на нашиот живот.

    Да обрнеме внимание уште на еден факт. Апостол Петар бил семеен човек, кој имал деца, а апостол Павле бил девственик. Но, пред Господа сите се еднакви. Господ ги повикува при себе сите, без исклучок на должностите и обврските кои ги имаме сите ние. Сите ние сме различни по надворешната положба, по возраст, по телесни одлики, но пред Господа сме потполно исти, зашто сме Негови чеда. Сите ние имаме бесмртна душа, за која Спасителот ни вели дека е потребно да ја спасиме. Секој од нас го носи својот терет во текот на својот живот, било да е тоа во семејството или на работа, било да се тоа стари или млади, било да се тоа прости или учени, богати или сиромаси. Но, во една погребална песна се вели дека, сите ние ќе застанеме во еднакво достоин­ство пред лицето на нашиот небесен Отец. Секому ќе му биде поставено едно исто прашање: како го помина својот живот на земјата, правејќи добро или правејќи зло. Трето нема!

    agrounik

    На денешниот светол празник, да ги слушнеме по­ви­ците за вечно спасение, за цврста вера, за вистинска и нелицемерна љубов и да заживееме живот сличен на апостолскиот. Иако сме грешни и слаби, молит­ве­но да ја бараме помошта на светите апостоли, за да можеме слободно да одиме по својот земен пат, постојано сеќавајќи се на светиот долг, кој се наоѓа во секој од нас: да бидеме достојни чеда и ученици на нашиот Спасител – Господ Исус Хрис­тос. Амин!

    Петровден – за многу години нека ни е празникот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    протоереј Златко Ангелески

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img