РУДНИК НЕМА ДА ИМА! ПОВИК на Здрава котлина
До сите свесни и совесни градоначалници, советници, пратеници од Југоисточна Македонија:
Ова што се случуваше изминатите 7 години и она што ќе се случува во следните месеци е само рефлексија и одговор на севкупната состојба во државата која целосно се распаѓа во морето на криминал и корупција и за која одговорност пред се имаат политичките елити на секое ниво!
Принудени сме да се браниме со сите расположливи средства и методи затоа што во Македонија веќе подолго време НЕ ПОСТОИ правен систем и правен поредок кој треба и мора да ги заштити граѓаните токму од вакви тешки злоупотреби на манипулативни и бескрупулозни функционери кои се целосно распуштени и без контрола, опиени од моќта поради контролата која ја имаат врз механизмите на власта.
Рудникот на смртта Иловица-Штука е зло кое мора да биде запрено и тука сите сме на јасно освен оние што имаат намера да профитираат врз маката на сите жители во Југоисточна Македонија!
Затоа испраќаме порака до сите, кратко и јасно:
ОНОЈ КОЈ НЕМА ДА СЕ ПОЈАВИ И ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ РУДНИКОТ НА СМРТТА ИЛОВИЦА-ШТУКА ОВАА САБОТА, ИЧ ДА НЕ СЕ МАЧИ ДА СЕ ПОЈАВУВА НА БИЛО КАКВИ ПОЛИТИЧКИ СОБИРИ ПОВЕЌЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА!!!
За оние што нема да се појават и да го поддржат протестот, ефектите за нив ќе бидат поразителни во политичка и морална смисла. Од постојано масовно и организирано повикување на одговорност секаде и секогаш, а особено во предизборна кампања, со отворена крајна цел да бидат одбележани како луди политички паразити кои го убиваат домаќинот што ги храни. Значи бетер од паразити! Оние што следат луди политики против здравјето и животите на граѓаните не смеат повеќе да бидат дел од некаква владејачка структура на било кое ниво!
Не постои неутралност, не постои компромис, не постои ”не сам знајал/а”, не постои “оди си по крајчката”… Стига ни е од сите такви и слични!
Постои само избор дали си за или против рудникот на смртта Иловица-Штука!
Се гледаме во сабота 15ти ЈУЛИ 2023, со почеток во 11:00 пред Глобал во Струмица!
РУДНИК НЕМА ДА ИМА!
РУДНИК НЕМА ДА ИМА! ПОВИК на Здрава котлина
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK