Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Saturday, November 23, 2024

More

    Агробот

    petel baner

    Агробот е првиот македонски систем за автоматизација на земјоделството.
    Создаден од група ИТ експерти од Македонија кои имаат повеќе од 20 години работно искуство кои имаат цел да го унапредат производствениот процес во земјоделството.

    Агробот 1.0 системот овозможува автоматизација на наводнувањето, дозирање прихрана и контрола на амбиенталните услови во оранжерии.

    Otkup na kompiri


    Агробот 2.0 системот овозможува прецизно дозирање прихрана на поголеми оранжерии од 5 декари до 5 хектари. (до 8 независни канали).

    Зошто Агробот?

    Автоматизацијата ја зголемува конкурентноста на производителот од повеќе аспекти. Намалување на бројот на потребни работници, особено за поголеми површини и потполно го отстранува ризикот од грешки предизвикани од човечки фактор. Воведувањето на автоматски систем од овој тип има големо позитивно влијание на производствените процеси во земјоделието, со тоа што овозможува донесување на правилни одлуки врз база на податоците собрани од мерните инструменти.

    Во досегашното работење, без пристап до објективни податоци, земоделците се раководат исклучиво врз сопственото искуство и интуиција.

    Со Агробот процесите во вашето производство ќе бидат значително олеснети, а вие ќе може да го посветите вашето внимание на теконвите работи во производството.

    Соларниот модул овозможува автономно работење на системот на места каде што нема електрична енергија, и допринесува за исклучување или намалена употреба на фосилни горива и поздрава животна средина.

    Нашиот тим може да понуди експресно време на реакција за сите проблеми со системот во споредба со конкуренцијата.

    Функционалности:

    Автоматско наводнување.
    Автоматско дозирање на прихрана со помош на механички пумпи. (За површина до 5 декари).
    Автоматско дозирање на прихрана со помош на електронски канали. (За поголеми површини од 0,5 до 5 хектари).
    Автоматска контрола на амбиентот врз основа на податоците од локалните мерни инструменти.
    Анализа на мерените податоци производствениот процес по ден/месец/година.
    Рано детектирање на услови погодни за паразити и болести.
    Апликација и интернет страна за преглед и менаџирање на системот.


    Придобивки:


    Откривање на сите грешки во досегашниот начин на производство.
    Намалена потрошувачка на вода, струја и прихрана
    Зголемено производство од минимум 30%!
    Идеална калибража кај раноградинарските култури.
    Намалување на потребата од персонал кој се грижи за наводнување, прихрана и вентилација.
    Исклучување на можност за грешки од човечки фактор.
    Навремено детектирање болести и превенција пред да се појават видливи симптоми.
    Користење на Агробот системот.
    За разлика од конкуренцијата, која предвидува обуки во странство за вработените кои ќе управуваат со нивните системи, тимот програмери на Агробот се потруди користењето на нашиот систем да е лесно и едноставно и за луѓе кои немаат напредни вештини за работа со компјутер.

    Агробот има неколку нивоа на заштита од грешки при користење. Тоа ја намалува можноста од случајни грешки. Преку пораки ве известува за сите функции што ги извршува, на вашиот мобилен телефон.

    agrounik

    На овој начин сте цело време запознаени и во тек со работата на системот и воедно со производствениот процес.

    Како последна одбрамбена линија, тука е нашиот тим за корисничка поддршка кој ве надгледува се додека не го совладате користењето на системот и ви стои на располагање за сите проблеми и прашања 24/7.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Тимот на Агробот може да го добиете на овој број 078302630

    Еве неколку фотографии од веќе инсталираниот Агробот во оранжерија во Село Петралинци – Струмица

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img