Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Saturday, November 23, 2024

More
    домаАгро ВестиСвињарството во Франција пред колапс

    Свињарството во Франција пред колапс

    petel baner

    Свињарството во Франција пред колапс – Се намалува бројот на свињи, стада и одгледувачи. Стравуваат дека ситуацијата наскоро може да се влоши.


    Француското здружение на одгледувачи на свињи (Fédération Nationale porcine – FNP) неодамна повторно побара од Владата итна финансиска помош. Тие стравуваат дека без голема поддршка, Франција би можела да стане се повеќе, па дури и трајно зависна од увозот на свинско месо од странство.

    Otkup na kompiri

    Најзагрозен е приплодниот фонд.

    По Шпанија и Германија, трет најголем производител на свинско месо е Франција. Извозот и увозот на ова месо во моментов е избалансиран. Во првите девет месеци од 2023 година тие извезле 423.400 тони свинско месо и производи од свинско месо, додека увозот изнесувал 449.800 тони.

    Ова резултира со негативно салдо од 26.400 т.

    Но, бројот на свињи се намалува исто како и приплодниот фонд и бројот на одгледувачи кои постојано се намалуваат.

    ФНП стравува дека ситуацијата наскоро може да се влоши.

    Во последните три години, околу 1.000 свињари се пензионираа или го напуштија производството без да најдат наследник .

    Одгледувачите на свињи се борат за опстанок
    „Ни требаат милијарди евра помош. Не сме подготвени да капитулираме “, вели претседателот на здружението Франсоа Вали .

    Тој повикува на амбициозен повеќегодишен план во соработка со банките и Владата, бидејќи кога еднаш ќе се изгуби ова производство, тешко ќе се врати.

    Една од најважните задачи е модернизацијата на многу постари фарми, бидејќи се повеќе потрошувачи бараат земјоделство и методи на производство на слободна палета кои се попријателски за животните.

    agrounik

    ФНП наведува дека францускиот сектор за свињи полека ќе исчезне доколку нема помош.

    Свињарството во Франција пред колапс и веќе е кренат алармот за барање на мерки за спас.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Колку за споредба што мислите што го очекува свињарството и одгледувачите на свињи во Македонија?

    Придружете се на нашата заедница на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img