Раскинати договори за закуп на државно земјиште во Светиниколско – На 88 земјоделци од Светиниколско не им се продолжени договорите за закуп на земјоделско земјиште, иако уредно поднеле барања до Министерството за земјоделие во јуни, минатата година. Се работи за над 1500 ха земјиште, на кои се сеат различни култури и кое е главен извор за егзистенција на овие семејства.
- На договорите некои имаат по 10 или 20 ха, тоа е навистина голема површина земјоделска земја, изјави Ангел Стојчев, Претседател на здружението „Овчеполски фармер“
Бидејќи се избришани од евиденција, не ги следуваат субвенции, а и доколку им се продолжат договорите после изборите нема да можат да посеат, а ќе бидат изложени и на дополнителни трошоци.
- Сега штом не избришаа од катастарот, на ново треба да не воведуваат, на ново треба да правиме елаборати, а тоа се 500 евра само еден елаборат да се изработи, плус трошоците во катастарот што треба да се платат, Љубе Анастасов, земјоделец од Свети Николе
Вечерва на Собрание на земјоделци ќе се одлучи до кога ќе му се даде рок на ресорното министерство да го реши овој проблем.
- Во колку немаат слух, доколку не дојдат и не ни објаснат, ние, независно дали е техничка Влада, кој сака нека биде, ние ги видиме тракторите и целата механизација со која располагаме, не гледаме дали е автопат, центар или влез и излез на градот, ги блокираме и не ги тргаме се додека не дојдат и не ни објаснат што ќе биде со тоа земјиште“.
Здружението во моментот брои над 500 регистрирани индивидуални земјоделци, а годинава на повеќето од нив им истекуваат договорите за закуп на земјоделско земјиште.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK