Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Saturday, November 23, 2024

More
    домаХраната како лекТурски ѓевречиња

    Турски ѓевречиња

    petel baner

    Турски ѓевречиња (посни)

    За вакви денови кога постиме идеална рецепта за ѓевречиња

    Otkup na kompiri

    Состојки
    •650 гр брашно
    •2 лажички шеќер
    •1 лажичка сол
    •10 гр сув квасец
    •100 мл масло
    •400 мл млака вода
    Дополнително
    •3 лажици маџун, мармалад или мед🍯
    •80 мл вода
    •200 гр сусам

    agrounik

    Подготовка

    1. Ги соединуваме сувите состојки, ги додаваме влажните и замесуваме мазно, меко тесто. Го оставаме да се дуплира.
    2. Откако стасало го размесуваме, го расукуваме со дебелина од 2 см и вадиме кругови со модла, па во средината на кругот вадиме помало кругче од тестото.
    3. Раствораме маџун, мед или мармалад во вода и ставаме сусам во посебна чинија.
    4. Секое парче го ставаме во растворениот маџун, внимателно и кратко од двете страни и потоа го ставаме во сусам, повторно од двете страни. Значи целото ѓеврече треба да ни е налепено со сусам.
    5. Ги редиме во тава и ја вклучуваме рерната на 200 степени. Треба да ни стасаат додека да ни се загрее рерната, а ги печеме додека да поцрвенат или да сменат боја.

    Забелешка
    Тестото кога ќе го замесите треба да биде на меко замесено, затоа калкулирајте со водата, затоа што зависи и какво брашно користите. Можеби ќе ви треба помалку вода од напишаното во состојки.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Рецептот го ни го пративте и е подготвен од Готвиме заедно со Теофанија

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img