Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Thursday, November 14, 2024

More
    домаАгро ВестиДиверзификација на фарми и развој на бизниси

    Диверзификација на фарми и развој на бизниси

    petel baner

    Диверзификација на фарми и развој на бизниси – Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 14.000.000,00 евра односно 862.890.000,00 денари.

    -Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно ИПАРД Програмата 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Македонија.

    Otkup na kompiri

    Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:

    3.1. 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

    Процентот се зголемува до 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци и/или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.

    Процентот на кофинансирање може да се зголеми за дополнителни 10% за инвестиции поврзани со управување со отпад, обновлива енергија и инвестиции од типот на циркуларна економија.

    Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75%, информираат од МЗШВ.

    Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 декември 2024 година.

    ЈАВЕН ПОВИК бр. 02/2024

    за доставување на барања за финансиска поддршка од

    ИПАРД Програмата 2021-2027

    1.        Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 за следната мерка:

    1. Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

    2.       Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно ИПАРД Програмата 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

    3.       Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:

    3.1.     60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси

    Процентот се зголемува до 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци и/или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.

    Процентот на кофинансирање може да се зголеми за дополнителни 10% за инвестиции поврзани со управување со отпад, обновлива енергија и инвестиции од типот на циркуларна економија

    Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75%.

    4.       Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 декември 2024година

    Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 14.000.000,00 евра односно 862.890.000 денари. Курсот на еврото за овој јавен повик изнесува 61.635 ден.

    5.       Подигнување на обрасци и упатства:

    Потребните обрасци од „Барањето за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027“ како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027“ за мерката во кои се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за финансиска поддршка ИПАРД Програмата 2021-2027, Упатство за изготвување на Деловен План / Технички Предлог Проект, Упатства за издавање на неопходната документација од надлежните институции и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

    6.       Начин на поднесување на барањето:

    Корисникот треба да пополни и поднесе Барање за користење средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерката, Деловен План изработен согласно Упатството за изработка на Деловен План или Технички предлог проект и придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик.

    Пополнетото Барање за користење средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 заедно со Деловниот план/Техничкиот предлог проект и целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД 2021-2027 број 02/2024 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.

    По завршување на инвестицијата, корисникот е должен да достави до Агенцијата барање за исплата во рок утврден во Договорот за за финансиска поддршка.

    agrounik

    Барање за исплата е унифициран образец кој што крајните корисници го добиваат при потпишување на договорот, за мерка 7. Барањата за исплата исто така ќе бидат достапни за подигнување во просториите на Агенцијата и од веб страната www.ipardpa.gov.mk.

    Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно е корисникот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img