Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-1.2 C
Skopje
Wednesday, February 5, 2025

More
    домаАгро ВестиИсплата за предадена слива

    Исплата за предадена слива

    petel baner

    Исплата за предадена слива – очекувајте пари на вашите сметки

    Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива кон 194 лица во вкупен износ од 8.274.180,00 денари и 86.736.366,00 денари кон 8.735 земјоделци за Програмата за земјоделство за 2023 година Подрачје со ограничени можности

    bum.mk

    Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година.

    Исплатата ќе се изврши кон 194 лица во вкупен износ од 8.274.180,00 денари.

    Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.8.

    „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година и оствареното производство на слива го имаат продадено кај регистрирани откупувачи во период од 20 август 2024 година до 30 септември 2024 година по цена не повисока од 9,90 денари по килограм, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

    Максимална количина на слива која е прифатлива за финансиска поддршка е 17.000 кг по пријавен хектар со слива по подмерка 1.8. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржувањена постоечки овошни насади“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

    agrounik

    Висината на финансиската поддршка изнесува 5 денари по килограм.

    Во текот на денот исто така ќе се исплатат средства од Програмата за земјоделство за 2023 година Подрачје со ограничени можности.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Со финансиска поддршка од 86.736.366,00 денари се поддржани 8.735 земјоделци кои вршат земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство преку мерката 9 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img