Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

7.8 C
Skopje
Monday, February 3, 2025

More
    домаАгро колумнаЛукова мува

    Лукова мува

    petel baner

    Лукова мува – Delia antiqua( Hylemia antiqua)

    Луковата мува е космополитска врста. Прави штети на сите видови од родот Allium.

    bum.mk

    Имагото е со сиво жолта боја 5-7 мм долг.

    Ларвите се со жолто бела боја до 10 мм должина. Луковата мува има 2 генерации годишно, но може да направи и 3 генераци.

    Презимува како кукла во земјата на длабочина до 20 см. Имагата полагаат јајца на листовите од кромидот или лукот на купче од 5-12 јајца.

    Периодот на полагање на јајцата трае само неколку дена, при што женката во тој период полага од 50-100 јајца.

    Испилените ларви се вбушуваат во стеблото, прават ходници и се движат спрема луковицата. Нападнатите листови жолтеат и венеат.

    Развојот на ларвата трае околу 3 недели. Возрасните ларви го напуштаат растението и се запретуваат во земјата каде што се претвораат во кукла на длабочина од 10 см.

    Овој штетник предизвикува големи штети на сите видови од родот Allium. Како мерки можеме да ви препорачиме да се отстранат нападнатите растенија на време, тоа е како прва мерка, но мора да се врши и интензивна заштита за контрола на овој штетник.

    agrounik

    Препорака за контрола на штетникот. Потребно е да се користат системични инсектициди, но денеска на пазарот има веќе и органски инсектициди кои како превентива даваат многу добри резултати.

    Пример препаратот Bionix, може да се користи превентивно за сузбивање на овој штетник кај културите: кромид, лук и други култури. Во концентрација од 1%.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Со почит, М-р Апостол Чугунцалиев

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img