Милионски игри во Земјоделието најавени се некои движења во најголемиот Земјоделски комибинат во Македонија.
Земјоделците масовно го напуштаат земјоделието а богаташите масовно почнуваат да се занимаваат со Земјоделие.
Каков е овој македонски парадокс?
ЗИК „Пелагонија“ од Битола ги продава друштвото „Скопско поле“ од Р’жаничино и комплексот „Александрија“ од Битола. „Пелагонија“ дополнително продава и 2.803 сопствени акции.
Најголемиот земјоделски комбинат во Македонија објави преку Македонска берза дека со овие зделки ќе се ослободи од имотот кој е запленет од извршители на барање на две банки.
„Скопско поле“ од Р’жаничино го купува Друштвото за производство на мелнички пекарски и други производи и промет на мало и големо „Жито Полог“ АД – Тетово, за цена од 200.000.000 денари (3,3 милиони евра). Во „Жито Полог“ најголем акционер е Сергеј Самсоненко.
Комплексот „Александрија“ во Битола го купуваат „Орка Холдинг“, друштво за градежништво ТИМ за вкупно 11 милиони евра што е под законскиот износ од 20% од сметководствената вредност на имотот на „Пелагонија“. Јордан Камчев кој е акционер и неизвршен член на Одборот на директори и акционер во „Пелагонија“ е сопственик на „Орка Холдинг“.
Кој вика дека нема пари во Земјоделието во Македонија.
Најголемите бизнисмени и тоа како се заинтересирани да вложуваат во Земјоделието.
Штета ние како Земјоделци не ги разбираме овие банкарски работи ама сепак доволно сме паметни да заклучиме дека штом големите се заинтересирани сигурно има многу пари.
Милионски игри во Земјоделието продолжуваат да се играат.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.