Јунска лепотица – оваа сорта потекнува од Италија.
Плодот и е мал и ситен со издолжен облик. Месото на плодот е бело многу благо но по мислење на многу луѓе е недоволно сочно (мене ми е идеално)
Љушпата и е светло зелена а при светлина добива црвена нијанса.
Цвета средно рано и полна зрелост достигнува крајот на Јуни.
Дрвото по раст е средна висина со пирамидален облик.
Јунска лепотица – прекрасна крушка што се помалку ја има во овоштарниците
Потребно и е кратка резидба – кроење и тоа при цветање.
Раѓа обилно но е многу осетлива на мразеви па може да се случи да не даде род во очекувани количини.
Плодовите по зреењето брзо гнијат и се осетливи на удар.
Подлога за калемење на оваа сорта се: дуња МА и дуња БА-29. Некои во своите дворови ја калемат и на дива подлога.
Нејзини добри опрашувачи се Јунско злато, Шарена јулска, Косија и Мортени.
Јунска лепотица.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.