Магдоносот е една од најздравите и најлековитите билки.
Магдоносот се користи во нaрoднaтa мeдицинa како лековита билка, а во исхраната често се користи како зачин и храна.
Во исхраната и во народната медицина се користат и коренот и листовите од магдонос.
Листовите од магдонос најдобро е да се конзумираат свежи (како додаток на салатите). Тие единствено во таква форма ги задржуваат своите здрави и лековити состојки.
Магдоносот не се препорачува во големи количини за бремените жени и доилките. Но, е корисен во мали количини, како зачин.
Еве за што сè може да ви помогне ова растение:
Магдонос за јакнење на нервите
Коренот и листовите на магдоносот се рендаат односно сецкаат. Се додава сок од малина и багремов мед. Се земаат 1-2 лажички од оваа смеса навечер, пред спиење.
Магдонос против шеќерната болест
Многу едноставен рецепт за ублажување на шеќерната болест е следниов:
Изрендајте корен од магдонос и исецкајте свежо набрани листови од магдонос. Додадете јогурт или кисело млеко. Јадете ја оваа здрава смеса навечер, пред спиење.
Магдонос против отечени и воспалени очи
Во 300 грама вода се ставаат 2 лажици иситнето лисје од магдонос. Се вари 2-3 минути. Кога ќе се олади чајот, се процедува низ стерилна газа.
Со овој чај се испираат очите повеќе пати во денот. А навечер се ставаат облоги, кои може да стојат подолго време.
За облоги се земаат 6 гранчиња магдонос, убаво се измиваат и се ставаат на очите. Очите се врзуваат со газа и дури наутро се вади облогот, во замрачена просторија.
Магдонос за чистење на организмот и за отстранување на вишокот на течности
За оваа цел се користи интегрална билка. Коренот, лисјата и плодот од магдоносот се иситнуваат. Се варат 5 супени лажици од оваа смеса во пола литар вода.
После варењето, треба да се остави смесата да одстои уште 20 минути. Потоа се процедува и се пие три пати на ден по една мала шољичка.
Овој чај ги намалува отоците и го намалува високиот крвен притисок.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.