Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиНајтешката тиква на саемот во Кикинда тежи над 700 килограми

    Најтешката тиква на саемот во Кикинда тежи над 700 килограми

    petel baner

    Најтешката тиква од 716,5 килограми, произведена од Тибор Кокаи од Унгарија, е апсолутен рекордер на 37. „Денови на тиквата“ во Кикинда.

    Унгарскиот производител го собори рекордот од 2019 година, кога рекордот изнесуваше 639,5 килограми. Првото место за најдолга тиква го освои Душан Јанков од Чуруг за тиква долга 259 сантиметри. Добитниците на првото место своите резултати ќе ги регистрираат во Светската асоцијација на производители на тикви, пренесува РТВ.

    Otkup na kompiri

    Тиквата тешка 716,5 килограми која е апсолутен рекордер на претходните „Денови на тиквата“, годинава пристигна од Тапаи Сент Мартон, Унгарија. Победничката тиква е засадена пред 153 дена, а плодот е стар 100 дена. Поради повеќемесечната суша се полева со 600 литри вода. Семките се купени на специјална аукција на која сопственикот Тибор Кокаи, мораше да наддава. Унгарскиот производител на тој начин го собори рекордот од 2019 година, кој изнесуваше 639,5 килограми.

    „Најважно е да се добијат добри семиња и секогаш да се прилагодуваме на временските услови. Ако е студено, тогаш сепак треба да се погрижиме растението да биде на идеална температура“, вели Тибор Кокаи, сопственик на најтешката тиква.

    Првото место за најдолга тиква го освои Душан Јанков од Чуруг за тиква долга 259 сантиметри

    Ова воедно беше последен натпревар на магистерот по фитофармација од Чуруг, кој реши да паузира во следните години.

    agrounik

    „Последните резултати во најдолги тикви не ми се најдобри резултати, и покрај сиот труд и работа. Овојпат не можеа да достигнат повеќе од 260 сантиметри. Но поради сплет на околности се покажа дека и со тие помали должини можеше да стигне до првото место“, додава Душан Јанков, сопственик на најдолги тикви.

    Добитниците на првото место своите резултати ќе ги регистрираат во Светската асоцијација на производители на тикви, чиј член е Кикинда од оваа година, пишува РТВ.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    „Ќе се обидеме да ги поттикнеме производителите да одгледуваат тикви со посебни семки и со многу љубов. Таа љубов да ја исткаат во тикви за да бидат и тешки и долги, но и да направат некои нови производи кои ќе бидат претставени на саемот во Кикинда, на регионалната, но и светската јавност“, смета Никола Лукач, градоначалник на Кикинда.

    Сите оние граѓани кои сакаат да ги земат семките од победничката тиква, ќе им бидат достапни по настанот. Ќе имаат можност да се пробаат во производството. Доколку не успеат во категоријата најтешка тиква, сигурно нема да згрешат во правење колачи.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вестиОд соседите и Агро забава, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img