Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаАгро советиПневмонија кај овците - Како да ја препознаете?

    Пневмонија кај овците – Како да ја препознаете?

    petel baner

    Причината за инфекцијата може да биде една од многуте бактерии, микоплазма или вирус. Многу од овие организми се наоѓаат во респираторниот тракт на здрави јагниња каде што не создаваат проблеми, сè додека не се појави некој фактор што ќе ги активира.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Фактори кои можат да предизвикаат пневмонија може да бидат, на пример, слаба вентилација во штала, акумулација на амонијак од ѓубриво, висока влажност, пренатрупаност на објектот со добиток или нивна комбинација. Клиничките знаци варираат во зависност од тежината. На почетокот на епидемијата, може да забележите дека во стадото има повеќе грла кои кашлаат отколку порано, може да забележите течење на носот, при движење (на пример од пасиште до штала), некои грла можат да заостанат и да имаат потешкотии при дишењето.

    Јагнињата со хронична пневмонија, иако може да изгледаат нормално, може да имаат побавна стапка на раст. Во еден извештај од Нов Зеланд за епидемијата на пневмонија, 2-3 дена откако донеле 850 јагниња од пасиштето во дворот за собирање, 24 биле мртви, други 12 умреле во следните две недели, што покажува дека станува збор за многу опасна болест.

    Индивидуалниот третман на јагниња и овци е многу тежок, освен ако не станува збор за мало стадо. Третманот мора да биде фокусиран на причината за инфекцијата, и бидејќи може да има многу причини, прво треба да се направи неговата точна идентификација. Многу е важно да се запамети дека најчестата причина за воспаление на белите дробови кај овците, на возраст од 3 и повеќе години, е вирусот Maedi-Visna. Тоа е прогресивна пневмонија на овци во која се губи функционалното белодробно ткиво, а инфекцијата во стадото се шири многу брзо. Хроничен маститис на виме е исто така карактеристичен. За да се спречи појава на пневмонија, факторите на ризик за нејзино појавување треба да се намалат. На пример, во зима е важно да има добар проток на воздух низ шталата бидејќи застоениот и влажен воздух поттикнува пневмонија.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img