Овие пари ќе се обезбедат од фондот за Ковид
Донесен е закон, парите до крајот на годинава
Поддршката предвидува шест денари за килограм винско грозје со максимум 18 отсто шекерни единици предадено во регистрирани винарници од 15 август 2020 година до 31 октомври 2020 година и наменето за производи од грозје и вински дестилат, два денара за килограм винско грозје предадено кај регистриран откупувач од 15 август до 31 октомври 2020 за производство на вино или за извоз на винско грозје, 30 проценти поддршка за транспортни трошоци за извезено вино во шишиња од 1 јануари до 31 октомври 2020, 20 отсто поддршка за транспортни трошоци за извезено наливно вино од 1 јануари до 31 октомври 2020, како и поддршка за извезено винско грозје од 15 август до 31 октомври 2020 (два денара за килограм за количини до 12 милиони килограми, три денари за количини од 12 до 25 милиони килограми и четири денари за количини над 25 милиони килограми).Максималната поддршка што може еден корисник да ја оствари согласно законот изнесува 18.450.000 денари. Овој износ ја вклучува и финансиската подршка што корисникот ќе ја добие согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.