Едногодишно или двегодишно растение.Стеблото високо, мазно, а листовите наизменични и пердувести. Во средина жолта главица со стрнични бели ливчиња. Во природата се наоѓа во житото,лозјата, ливадите и на многу други места и расте на сите типови почва. Добра медоносна култура е. Се сее на есен или пролет. Се сеат само квалитетни сорти кои содржат високи количини есенцијални масла.
![](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2020/12/kamilica.jpg)
Во народната медицина се користи од памтивек.Се користи за чај, или правта то цветовите. Се користи при главоболки,боли во зглобовите и помага за подобро мокрење. Правта се препорачува кај преморување од долготрајна интелектуална работа. Се применуваат и облоги од камилица кај женските болести, или се користи за плакнење на половите органи. Во облик на тинктура се користи се користи за средување и обновување на менструалниот циклус.
Во продолжение неколку начини како да ја употребите оваа лековита билка:
Чај против настинка (најупотребуваниот начин)
Една супена лажица камилица се става во подлабок сад, се прелива со шоља топла вода и се остава да одстои 10 мин. Вака подготвениот чај веднаш се употребува. На истиов начин се употребува против грчеви и болки во стомакот, само што се пие 2-3 пати во денот.
Чај против запек
Мешавината ја сочинуваат 25гр. камилица, 25 гр. морач (сладок анасон), 25 гр. ким и 25 гр. цвет од магарешки трн. Една лажичка од оваа мешавина се вари во 200 мл вода. Изладениот чај се засладува со мед и се пие 2-3 пати дневно.
Чај против чир во желудник
Се прави мешавина од 20 гр камилица, 20 гр корен од црн слез, 20 гр корен од бел слез, 20 гр маточина и 20 гр русомача (овчарска торбичка).Една лажица од мешавината се меша со шоља чај од камилица и со повремено промешување се остава да одстои 1 час. Се процедува и се пие по 1/2 шоља половина час пред јадење.
Течност за плакнење на косата
25 гр камилица се потопува во 1/2 л зовриена вода, потоа се поклопува и се остава да одстои 10 минути. на процедената течност и се додава сок од 1 лимон. Со течноста се плакне косата и се масира коренот. Добра е за јакнење на коренот на косата затоа што станува мека и сјајна. Се препорачува ова да се повторува барем еднаш месечно.