Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, December 1, 2022

More
    домаАгро советиБУЛКА, ЈАЈЧАРКА, ЦАРСКА ПЕЧУРКА Amanita caesarea

    БУЛКА, ЈАЈЧАРКА, ЦАРСКА ПЕЧУРКА Amanita caesarea

    БУЛКА, ЈАЈЧАРКА, ЦАРСКА ПЕЧУРКА Amanita caesarea

    Опис на видот: Плодното тело се состои од шапка и од дршка. Хименофорот се наоѓа на долната страна од шапката и е составен од ливчиња. Шапка: Широка е од 8 до 30 сантиметри во пречник. На почетокот е јајцевидна, а потоа полутопчеста до испакната. Површината ѝ е најчесто мазна, но можно е присуство на крупни ресички како остатоци од волвата. Работ ѝе рамен, целосен, со куси добро изразени радијални ребра. Има портокалова до слабоцрвена боја. Ливчиња: Густи се, слободни од дршката, дебели, со златно-жолта боја. Дршката има големина 5-15 × 1,5-3 сантиметри. Цилиндрична е, месната, полна, со луковичесто задебелување при основата. Има златно-жолта боја. Прстенчето е кожесто, жолто и со ребрести рабови. На дното има бела месеста и добро развиена волва. Месото e дебело, со бела до светло-жолта боја која под кожичката е поизразена. Има пријатен мирис и сладок вкус.

     Живеалиште: Се среќава на отворени и топли места во светли листопадни шуми, покрај рабови на шуми, шумски патеки и др. Микоризен вид кој почесто се јавува во дабовите шуми. Широкораспространет е низ целата земја и во повеќе региони се собира за јадење.

    Делови кои се собираат: Плодното тело. Време на собирање: од јуни до октомври. Алатки за собирање: Собирањето се врши исклучително рачно.

    Метод на собирање: Се собираат со завртување со цел да се зачува мицелиумот неоштетен. Полека се завртуваат и внимателно се извлекуваат од почвата. Местото од кое е извлечено плодното тело се покрива со супстрат. Се собираат здрави примероци со цела дршка. Собраните печурки се ставаат во сламени кошници. На местото на собирање треба да се остават најмалку 20% недопрени печурки. Плодните тела не смеат да се корнат ниту да се сечат со нож. Не собирајте незрели, недоволно развиени или стари, црвливи или примероци кои се наоѓаат во близина на сообраќајници или депонии.

    Третман по собирањето: Овој вид печурка се употребува во свежа состојба и е една од највкусните печурки. Позната е уште од римско време, по што го добила и латинското име. Може да се суши, саламури, маринира или смрзнува.

    Сродни и слични видови: Во текот на собирањето треба да се обрне внимание за да не се помеша со:

    1.СМРТНООТРОВНАТА МУВОМОРКА (Amanita muscaria) од која се разликува по портокаловоцрвената боја на шапката и жолтите ливчиња, прстенче и дршка. Отровната мувоморка има изразено бели ливчиња, прстенче и дршка, шапката е покриена со бели крпички (дождот понекогаш ги измива) и слабо развиена волва составена од парталчиња залепени за дршката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img