Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

27.8 C
Skopje
Wednesday, June 29, 2022

More
    домаАгро советиСРНДАЧ, СОНЧАРКА, СРНСКА ПЕЧУРКА и НЕГОВИТЕ ОТРОВНИ РОДНИНИ

    СРНДАЧ, СОНЧАРКА, СРНСКА ПЕЧУРКА и НЕГОВИТЕ ОТРОВНИ РОДНИНИ

    СОНЧАРКА, СРНСКА ПЕЧУРКА СРНДАЧ:

    Опис на видот: Плодното тело се состои од шапка и од дршка. Хименофорот се наоѓа на долната страна од шапката и е составен од ливчиња. Шапка: Има пречник од 10 до 30 сантиметри. На почетокот e јајцевидна или топчеста, а потоа широко отворена со неизразено испупчување на средината. Површината е покриена со лушпи, често наредени во концентрични кругови. Има од кремова до светлокафеава боја, која секогаш е потемна на средината. Ливчиња: Слободни се, густи, широки, меки и со бела боја. Дршката е од 15 до 35 сантиметри. Тенка е, шуплива, цилиндрична, кон основата се задебелува, многу е жилава и влакнеста. Има кремова боја прошарана со темнокафеави линии. Прстенчето е добро развиено, двослојно и подвижно по дршката. Месото е меко, тенко, сочно и има бела боја. Кај старите примероци е суво, кожесто и кремово. Има пријатен мирис и сладок вкус. Живеалиште: Се среќава во светли листопадни и зимзелени шуми, пасишта и ливади. Многу чест и широкораспространет вид. Расте во големи колонии, но може да се сретне и поединечно.

    Сродни и слични видови:

    1. Видови од СМРТНО ОТРОВНИОТ род Lepiota. Со оглед на димензиите на сончарката, замената со претставниците од родот Lepiota кои имаат многу мали димензии е занемарлива.

    2. Можна е замена со лушпестата сончарка (Macrolepiota rhacodes) која е многу слична, а се разликува по широките и крупни лушпи на горната површина на шапката и месото кое на пресек поцрвенува, но овој вид, исто така, се јаде.

    3.Грбавата сончарка (Macrolepiota mastoidea) е сличен вид, но е со помали димензии, со ситни лушпи и силно изразена грпка на шапката, но и овој вид не е отрoвен и може да се јаде.

    Делови кои се собираат: Само шапката. Време на собирање: од почетокот на јули до крајот на ноември. Алатки за собирање: Ножици и нож.

    Метод на собирање: Сончарката се бере многу тешко со завртување поради дрвенестата дршка. Таа треба да се сече со ножици или со нож. Се собираат само млади и здрави чадорчиња. Собраните печурки се ставаат во сламени кошници.

    На местото на собирање треба да се остават најмалку 20% недопрени печурки. Не собирајте незрели, недоволно развиени или стари и црвливи примероци и оние кои се наоѓаат во близина на сообраќајници или депонии.

    Третман по собирањето: Особено е погодна за сушење.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Лисичарката и нејзините двојници
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...БУЛКА, ЈАЈЧАРКА, ЦАРСКА ПЕЧУРКА Amanita caesarea
    spot_img
    spot_img
    spot_img