Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Friday, November 8, 2024

More
    домаАгро советиКако да одгледувате грозје во вашиот двор: Совети за почетници

    Како да одгледувате грозје во вашиот двор: Совети за почетници

    petel baner

    Не мора да имате големо лозје за да уживате во грозје, да направите џем или вино за ваша душа. Можете да садите грозје во градината или во дворот и да уживате во него секоја година. Научете како да садите и одржувате лоза.

    Кога ќе загризете еден грозд кој е топол од сонцето и ќе пукне во устата со сите негови сокови, едноставно ќе се заљубите во одгледување на винова лоза.

    Otkup na kompiri

    Да знаете како да одгледувате грозје значи прво да ја изберете вистинската сорта за одредена цел и за вашиот регион. Што треба да земете во предвид?

    За што планирате да користите грозје? Можеби сакате само да го јадете, да направите сок или џем. Можеби сте повеќе заинтересирани за производство на вино. Постојат различни сорти кои најдобро одговараат на секоја од овие задачи. Затоа, важно е да изберете сорта која што ќе биде за намената која што сте ја замислиле. Дали сортата што ќе ја изберете е прилагодена на вашата клима? Сортите што одговараат на вашите климатски услови на летни горештини или зимски студови ќе растат подобро и ќе бидат поотпорни на штетници и студ.

    Пред да садите лоза, треба да ја обележите областа каде што сакате да ја засадите лозата и да започнете со подготовка на почвата. Грозјето бара многу сонце и добра дренажа на почвата, како и земја без плевел и трева. Затоа е потребно: да се обработува почвата и да се додадат ѓубрива и дренажен материјал, ако е потребно, да се извлечат сите плевели. Планирајте да ги засадите редовите ориентирани север-југ, за максимално искористување на сончевата светлина. Можете да одгледувате грозје на вертикални столбови со хоризонтални жици што ќе го држат, или на настрешница за да ви прави сенка. Буквално може да засадите само еден ред до оградата, каде што самата ограда може да биде потпора, односно што повеќе ви одговара во вашата градина или двор. По обележувањето на позициите и подготвувањето на почвата, потребно е да се купат растенија со развиени корени.

    Засадување грозје

    Засадете го грозјето во рана пролет, кога може да најдете разни сорти на развиени корени на располагање. Пред садењето, намалете го постојниот корен на приближно 15 см и потопете го во вода. Ова ќе овозможи корените да растат близу до стеблото. Кореновиот систем на лозата може да расте длабоко, па затоа е најдобра е добро обработена почва. Веројатно ќе треба да направите кастрење на растението по садењето. Отсечете ги сите, освен едното стебло, а потоа побарајте ги пупките на стеблото. Искастрете го стеблото на само два пупки и сте на добар пат.

    agrounik

    Исхрана и заштита на грозјето

    За време на првите две до три години, секоја рана пролет, ставајте азотно ѓубриво. Можно е да не мора да го правите ова додека созрева лозата, сè зависи од развојот. Внимателно пратете го растот. Дали лозата изгледа живописно и здраво? Во тој случај, не ви треба ѓубриво. Што се однесува до заштитата на лозата, таа може да биде нападната од разни инсекти како што се гроздов молец, вошка, а најчеста е пламеницата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кастрење на лозата

    Кастрењето се врши во периодот на мирување на лозата, од есен откако ќе опаднат листовите, до набабрување на пупките во пролет следната година, односно до крајот на април. За време на основното кастрење, неколку ластари се сечат до основата, а другите се сечат на одредено растојание од основата.

    Наш мал придонес во помагање на оние кои никогаш не размислувале за одгледување на грозје. Со надеж дека сето ова на крај ќе вроди плод и ќе можете да уживате во еден од најголемите дарови на природата.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img