Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

24.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

More
    домаАгро советиРобот ги храни свињите пуштајќи им класична музика

    Робот ги храни свињите пуштајќи им класична музика

    Бразилската компанија „Робоагро“ дизајнираше робот кој ги храни свињите според упатствата дадени од одгледувачот на говеда, а додека машината им дели оброци, пушта и класична музика која, како што велат, ги опушта животните. Од компанијата велат дека оваа година нивните нарачки пораснале во просек за околу 400%, а тие продаваат дури 60 од овие роботи месечно.

    Робот ги храни свињите
    Робот ги храни свињите

    Заштедува околу 6.400 евра годишно

    Роботот може да заштеди околу 6.400 евра годишно на 1.000 свињи. Овие роботи ги користат околу 500 фарми низ Бразил, вклучително и големите производители кои во последните неколку месеци се борат со епидемијата на Ковид-19 во своите погони бидејќи голем број работници биле заразени.

    Патем, оваа земја ја зголеми количината на извоз на свинско месо за 40% во првите 10 месеци од оваа година. Таа трговија оствари приход од 1,87 милијарди долари, што е скоро 50% зголемување како резултат на силната побарувачка во Кина.

    Употребата на класична музика при хранење животни се заснова на неколку студии кои ја докажуваат ефективноста на овој вид стратегија во фазата на раст на свињите. Една од овие студии беше спроведена од тим од Универзитетот во Сао Паоло (УСП) што покажа дека „сензорното збогатување на животната средина“ доведува до подобро однесување, одржување на стапките на раст и помала потрошувачка на храна.

    Уште една тема базирана на иновации за која би сакале да ги прочитаме вашите реакции, а каде на друго место ако не на нашата Facebook страна zemjodelie.mk

    Замислете свињарството во Република Македонија да користи вакви работи колку би се зголемил обемот на производството и колку би им било полесно на сите оние кои произведуваат месо од свињи.

    Ние би сакале да видиме вакви роботи и кај нас.

    Доколку имате било какви прашања поставете ги на е-маил, во коментар или во групата на земјоделие.мк

    Овој текст е превземен од извор: Робот ги храни свињите

    Нешто повеќе што би ве заинтересирало проверете во следната категорија Агро Училница

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img