Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

3.8 C
Skopje
Wednesday, October 2, 2024

More
    домаАгро советиИсправност на молзните апарати за здраво виме МАСТИТИС

    Исправност на молзните апарати за здраво виме МАСТИТИС

    petel baner

    ЗА УСПЕШНО РАКОВОДЕЊЕ СО ЕДНА МЛЕЧНА ФАРМА НАЈВАЖНО Е ЗДРАВЈЕТО НА КРАВИТЕ

    Маститисот е инфекција на млечната жлезда од патогени микроорганизми. На производителите на млеко им создава загруженост поради намаленото производство на млеко, а со тоа и намален приход од очекуваното производство. Еден е од најзначајните фактори кои влијаат на зголемениот број на соматски клетки во млекото. Кај заболените крави количината на млеко е намалена, тоа млеко не е добро за откуп и продажба, има високи трошоци за лекување на болните крави, намален е производниот век на животното, а со тоа се зголемени и трошоците за одржување на стадото.

    Е ОВА Е ВИМЕ

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Во отежнати услови, економската исплатливост за производство на млеко т.е. намалувањето на доходот, представува важна карика за успешно работење на една млечна фарма. Тоа е причина зошто раното откривање на болеста на вимето е многу важно, и е многу моќно оружје на фармерот за редовно пратење на бројот на соматски клетки во млекото. Кај сите примери на клинички маститис каде јасно се изразени знаците на болеста, и каде е побарана помош од ветеринар, во стадото се наоѓаат повеќе од 15% случаеви на субклинички маститис, без јасни знаци на болеста. Притоа, ако болеста не ја забележиме, не значи дека истата ја нема и дека производителот на млеко не е оштетен. Соматски клетки Зголемениот број на соматски клетки е прв знак за присуство на патогени организми во вимето. Соматските клетки се клетки на имунолошкиот состав на организмот- белите крвни зрнца или леукоцити, кои се во одреден број, постојано се присутни во млекото. Кај здраво и исправно млеко добиено од здрави крави во еден милилитар млеко дозволено е да има до 200.000 соматски клетки, но пожелно е овај број да биде уште помал. Кога соматските клетки се зголемени над оваа граница тоа е знак за промени во вимето. Поради присуството на патогени организми во вимето телото реагира со одбрана. Таа одбрана се леукоцитите кои во зголемен број преминуваат од кравата во вимето за да ги запрат патогените микроорганизми. Сето ова се случува пред да можеме да ги забележиме со голо око, промените настанати кај млекото и млечната жлезда.

    Кај кравите кои се во 1, 2 или 3 лактација (првите лактации) бројот на соматски клетки е помал, за разлика кај кравите кои се во 5, 6, 7 лактација. Бројот на соматски клетки во почетокот на лактацијата е помал, во однос на соматските клетки при крајот на лактацијата. Овај однос е последица на тоа што животните во покасната лактација биле повеќе пати во контакт со патогени микроорганизми. Високопродуктивните грла повеќе се изложени на инфекција бидеќи високото производство представува оптоварување на организмот, па затоа кај нив често се јавува зголемен број на соматски клетки во млекото. Правилна постапка при молзење Секој производител на млеко мора да биде посебно внимателен кон сите постапки при молзење, бидејќи болеста на вимето меѓу животните најлесно се пренесува на овај начин. За здраво виме и нормален број на соматски клетки во млекото, многу важно е редовно да се менуваат сите делови од молзните апарати кои се трошат со постојана употреба, да се почитува правилна процедура на молзење и миење на машината за молзење, и редовно да се контролира исправноста на апаратот за молзење. Пред секое молзење да се овозможи одредени хигиенски услови и тоа: доволно простор за молзење, што помалку стресни моменти за кравата (и тоа ист молзач и иста средина) за молзењето да се изврши правилно. После ова потребно е да се измолзат првите млазеви млеко во посебен сад и со поглед да се провери квалитетот на тоа млеко. Првите млазеви се молзат рачно бидеќи содржат најголем број микроорганизми кои можат да предизвикаат болест на вимето. Првото измолзено млеко ( првите млазеви) треба да се одстранат од шталата. Потоа да се измијат сите боски со топла вода во која има средство за дезинфекција или само топла вода. Водата да се менува после секое миење на вимето на кравата, бидејќи со ова се овозможува пренесување на патогените микроорганизми од вимето на болна крава на вимето на здрзва крава. После миењето, вимето треба да се исуши со платнена или хартиена крпа. Попрактични и похигиенски се хартиените крпи, кои после употреба се фрлаат , а додека платнените, треба да се перат. Молзните единици треба да се ставаат на боските за време од една минута од почетокот на миењето. Ако ова растојание е поголемо, молзењето трае подолго и вимето не може да се испразни до потребното ниво. Оптимално време на траење на молзењето е до 8 минути, кога и секрецијата на хормонот окситоцин го стимулира лачењето на млекото. Пред вадењето на молзните единици од вимето на кравите, потребно е да се исклучи вакумот, а потоа да се извадат. После завршување на молзењето треба да се дезинфицираат боските бидеќи млечните канали се отворени уште 30 минути по молзењето.Добро е на кравите да им се даде оброк веднаш после молзење што ќе ги стимулира да не легнуваат додека млечните канали се уште отворени.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Е ОВА Е ВИМЕ

    Процедурата за чистење на молзните системи се состои од три дела: · предпрање со ладна или млака вода, · миење (перење ) со жешка вода со детергент или средство за дезинфекција за одстранување на остатоците од протеини и масти, · завршно миење (плакнење) со ладна вода. Доколку производителот на млеко се придржува на правилните процедури за чистење на молзната опрема и нејзино редовно одржување и сервисирање, квалитетот на млекото и здравјето на кравите се добри.

    Дип.инж.агр. Марика Миленковска

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img